Каква боја облека најдобро стои на вашиот тен?

Од прилика, можете да процените кои бои одговараат на вашиот тен и ги истакнуваат вашите квалитети, а кои не. Изборот на боја за вашата гардероба станува полесен со неколку правила.

kakva-boja-obleka-najdobro-stoi-na-vasiot-ten

За почеток, одредете во која категорија спаѓате – топла, ладна или неутрална. Својот тип на тен можете да го оцените според доминантните нијанси на вашата кожа:

Ладен тен – блед тен, розови и црвени нијанси.

Топол тен – кафени, златни, жолти и нијанси со бојата на медот

Неутрален тен – мешавина од двата типа погоре

Ако имате потешкотии при одредувањето, под природно светло погледнете ја бојата на вашите вени. Ако е зеленкаста, припаѓате на топол тен, ако изгледаат сино – ладен тен. Ако не можете да одредите – неутрален.

Идеални бои кои треба да ги носите:

Ладен тен – ладни бои, розова, сина, виолетова, зелена, пастелни нијанси, бордо, сребрена

Топол тен – топли бои – црвена, портокалова, жолта, темно кафена, златна, бакарна, маслинасто зелена, крем

Неутрален тен – на овој тен одговраат речиси сите бои, но генерално, најдобро стојат бледи и нежни нијанси комбинирани со длабоки и богати топли бои.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
6 бои на чевли што ќе ги носиме оваа есен (фото) Иако светлите нијанси како беж се попопуларни во потоплите месеци, можат да бида...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава