Направете си парфем по своја желба
Започнете да си поигрувате со мирисите и за кратко време ќе успеете да го креирате својот совршен парфем. За изработка ќе ви биде неопходно едно шишенце од 50 милилитри, со распрскувач и етерични масла по сопствен избор.

Еве какви мешавини на етерични масла може да искомбинирате.
Смирувачки дрвенест мирис
- 10 мл етилен алкохол
- 10 капки етерично масло од пачуљи
- 10 капки етерично масло од ружино дрво
- 5 капки етерично масло од кедрово дрво
- 5 капки етерично масло од роза
- 30 капки етерично масло од лимон
Стимулирачки цитрусен мирис
- 10 мл етилен алкохол
- 10 капки етерично масло од здравец
- 30 капки етерично масло од лимон
- 50 капки етерично масло од мандарина
Егзотично-цветен мирис
- 10 мл етилен алкохол
- 20 капки етерично масло од сандаловина
- 10 капки етерично масло од иланг-иланг
- 40 капки етерично масло од бергамот
Откако етеричните масла ќе ги додадете во етилниот алкохол, оставете ги да отстојат 48 часа, а потоа стакленото шишенце до врв наполнете го со негазирана или дестилирана вода. Пред секоја употреба протресете го шишенцето.
Би можело да ве интересира:
9 модни трендови кои ќе доминираат кај младите до крајот на 2025
Капри панталони, модерни спортски комбинации, тексас на тексас, животински принт...
