Обувките го откриваат мажот

Иако облеката исто како и обувките не го прават човекот, сепак постојат некои работи кои може да го опишат карактерот на личноста. Така е и со припадниците на посилниот пол, кога зборуваме за обувките, тие се многу поконкретни од жените.

obuvkite-go-otkrivaat-mazot

Еве некои детали кои го откриваат мажот, кога станува збор за обувките:

Елегантни чевли
Ако се едноставни и елегантни станува збор за елегантен маж и деловен човек кој знае што сака. Ако се впечатливи и „начичкани“ со детали, станува збор за „играч“ со кој треба многу внимателно да се постапува.

Мокасини
Таков маж знае сè што треба за работата и задоволството, а понекогаш и за комбинација на истите. Шармантен е, заводлив и знае како да заведе.

Класични апостолки
Тој не е брза личност, тоа е извесно. Кежуал, смирен тип на маж кој не се грижи многу за деталите и не се оптоварува со небитни работи.

Тренди патики
Колку се патиките помодерни, толку мажот кој ги носи е попедантен.

Старки
Станува збор за уметник, или боем. Ако старките се бели или црни, станува збор за маж кој своевремено бил „фаца“, а денес морал да порасне. Ако се розови, виолетови или зелени, тогаш станува збор за фолирант.

Спортски патики
Потполно кежуал тип кој пред сè сака удобност. Ако ги носи со спортска облека тој е кул. Ако ги носи со костум, пантолони, или фармерки, тој е или голема мрза или не е заинтересиран за ништо повеќе од гледање телевизија и игри на компјутер.

Сандали
Тој е маж кого модата и трендовите не го интересираат. Но, ако ги носи со чорапи, бегајте од него!

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава