Шешир според формата на лицето

Шеширот е одличен моден додаток во летните денови а воедно и заштитува од сонцето, па затоа секоја девојка треба да има барем еден. Материјалот треба да биде лесен и природен за да дозволите кожата да дише. Треба да внимавате и на изборот на модел бидејќи треба да ви одговара на вашата форма на лице.

sesir-spored-formata-na-liceto-01

Еве како најдобро ќе го одберете идеалниот шешир.

Топчесто лице

Овој тип на лице е пошироко од овалното па затоа најмногу му одговараат шешири кои визуелно ќе го издолжат лицето. Изберете високи капи со остри линии и различни модели на каубојскиот шешир. Избегнувајте плитки капи со меки линии кои паѓаат надолу.

Коцкасто лице

Коцкастото лице има изразени линии па му одговараат капи кои ќе ги омекнат ликот. Најдобри шешири се широки со заоблени рабови кои можат да се наместат според лицето.

sesir-spored-formata-na-liceto-1

Долгнавесто лице

Високото долго лице одговара со сега популарните панама шешири затоа што визуелно го скратува лицето. Четвртастите високи, мали шешири треба да се избегнуваат бидејќи така ќе ви се издолжи лицето уште повеќе. Се препорачува да носите капа прилепена за вашето чело.

Срцевидно лице

На девојките со срцевидното лице со мала брада и широко чело не им одговараат широки шешири. Одберете шешири со тесен обрач, прилепен за лицето.

Овално лице

Девојките со овални лица се навистина среќни бидејќи нив им одговара речиси секаков модел. Само постои едно правило кое треба да го запазите - колку сте повисоки толку обрачот на шеширот треба да биде поголем.

sesir-spored-formata-na-liceto-2.fw

Би можело да ве интересира:

Девојките летово се опседнати со еден хит тренд – сè во гуава розова боја (фото) Лето 2025 носи нова тренд боја што девојките ја обожаваат - гуава розова е хит з...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Девојките се опседнати со „дедовски чевли“ комбинирани со чорапи – како ги носат? (фото) Девојките кои следат трендови сè почесто може да се забележат во ретро модели на...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg