Направете сами: Машнички како моден додаток

napravete-sami-mashnicki-01

Машничките се еден од трендовите оваа есен. Може да се користат и како моден додаток, како вратоврски, привезоци или како украси на честитки и подароци.

Ви прикажуваме неколку начини за да си направите интересни машнички и да бидете уникатни.

Шнола – машничка

  • Земете поцврст материјал со боја и дезен какви што сакате вие
  • Исечете две пошироки правоаголни парчиња околу 5 см од кои едно подолго (10 см) и едно пократко (7 см)
  • Превиткајте ги од едниот до другиот крај
  • Залепете ги со поцврсто лепило или сошијте ги
  • Поставете ги едно врз друго, така што помалото да биде врз поголемото и така залепете ги
  • Од задната страна додадете им мало чешле од некоја стара шнола
  • Може да додадете и некој брош или да ви биде едноставна секојдневна шнола која ќе ви одговара со некоја комбинација на облека

napravete-sami-mashnicki-1

napravete-sami-mashnicki-3

napravete-sami-mashnicki-4


Украсна машничка со помош на виљушка

  • Земете две тенки ленти со поголема должина и една виљушка
  • Едната лента премотувајте ја наизменично низ запците на виљушката
  • Со втората лента врзете ја претходната попреку  како што е изврзана на виљушката за да ја зацврстите нејзината форма
  • Ќе добиете интересна машничка која може да ја искористите како украс или привезок.

napravete-sami-mashnicki-5

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото) Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава