Модна инспирација: Како да носите топли, зимски здолништа?

Здолништето, како синоним за топлите месеци, полека започнува да ги руши сите модни предрасуди. Сега, зимските, топли здолништа се помодерни од било кога.

modna-inspiracija-kako-da-nosite-topli-zimski-zdolnista-01

Наместо да се држите до застарените модни правила, создадете свои, нови и оригинални. Затоа, уште денес извадете ги сите здолништа кои ги имате во гардероберот и селектирајте ги на летни и зимски.

Кои се карактеристиките на зимските модели?

Дебелите материјали, поставата под материјалот, потемните бои, зимските принтови и дезени се само неколку од многуте критериуми по кои може да ги разграничите зимските од летните модели.

Како да ги носите зимските здолништа?

Секогаш, ама баш секогаш, носете ги со дебели хулахопки или хеланки. Зимските здолништа никогаш не одат во комбинација со голи нозе.

Погрижете се да имате доволно џемпери. Шарени, еднобојни, дебели, тенки - не е важно!

Чизми или затворени високи потпетици се двете опции кои ги имате, кога се работи за чевлите. Не експериментирајте со мокасинки, балетанки или отворени сандали.

Одберете топол шал во иста боја како здолништето. Создадете контраст со џемперот или палтото, а чизмите задолжително нека бидат во основната боја на која се темели вашиот изглед.

На крај, додадете го вашиот омилен аксесоар - голема огрлица, часовник, прстен...

Еве во каква модна икона може да се претворите:

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...

Најчитани неделава