Запознајте ја најхрабрата манекенка која јавно и провокативно се бори со ракот (фото)

Ели Медеј е манекенка која рекламира облека за жените со поголеми облини. Минатата година поставена ѝ е дијагноза за рак на јајниците. Во процесот на лечење ја изгубила целата коса, но била решена дека ќе продолжи да се занимава со манекенство.

zapoznajte-ja-najhrabrata-manekenka-koja-javno-i-provokativno-se-bori-so-rakot-foto-01

Овој облик на рак обично се дијагностицира кај жените во менопауза, но Ели има само 25 години.

„Толку пати ми рекоа дека тоа е само циста, меѓутоа јас потсвесно знаев дека нешто не е во ред“. – изјавила Ели за CTV.

Во процесот на лечење ги изгубила и килограмите по кои беше позната, но тоа не ја спречило да продолжи со својата работа.

„Сè е во долгата коса, големите гради и позите кои ќе ги направите. Важно е да покажете како вистинската жена изгледа под облеката.“ – додава таа.

„Тогаш размислував дали да престанам да се занимавам со манекенство или да продолжам со животот и да бидам личност каква што сум и како што сум одгледана“.

Во периодот кога ѝ го дијагностицирале ракот, Ели правела планови за преселување во Њујорк и продолжување на кариерата во големиот град.

Дизајнерката чијашто долна облека ја рекламирала Ели, предложила таа да се фотографира без перика. Токму тие фотографии го освоија светот.

„Никогаш не знаеш колку си силен, додека силата на твојот карактер не биде единственото што ти преостанува“ – изјавила Ели после третата хемотерапија.

На својата Фејсбук страница, која ја следат околу 80.000 луѓе, Ели редовно објавува фотографии од рекламните кампањи во кои и понатаму учествува и секогаш со коментари полни оптимизам.

Фотографиите кои се потпишани од Aparte Photography ја покажуваат Ели како преубава млада жена, полна со живот, со боксерски ракавици кои ја симболизираат идејата дека борбата нема да престане.

Погледнете со каква моќ и храброст зрачат нејзините фотографии:

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчани... Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа...

Најчитани неделава