Кога свекор ти е моден император: Раскошната свадба на синот на Ели Сааб – невестата смени 3 венчаници, торта на 12 ката

Кога неприкосновениот император на високата мода е свекор на невестата, не доаѓа предвид свадбата да помине едноставно, без раскош - избраничката на наследникот на модната империја на Ели Сааб, смени три гламурозни венчаници со уникатни везови и кристали за тридневните свадбени прослави, парот позираше покрај огромна торта на 12 ката, a присуствуваа 1.000 гости. 

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-01.jpg

Eден од трите сина на либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, Селио, викендов се ожени за својата избраничка Зејн Кутами.

Свадбените прослави траеја три дена, почнувајќи во четвртокот, со предсвадбен настан и вечера за добредојде, каде невестата го направи своето прво појавување во песочна креација со вез и реси, дизајнирана од нејзиниот свекор.

„Овој фустан го славеше либанскиот идентитет, парче дизајнирано да се соедини во природниот пејзаж и рустичната архитектура на местото.

Сакавме нешто што нема да се натпреварува со околината, туку ќе го зборува истиот јазик“ – изјавила Зејн.

Петокот пак, бил резервиран за религиозна церемонија, а за овој свет настан, Зејн носеше раскошна венчаница во стилот на принцеза, која остава без здив.

Тесен корсет со долги ракави, сребрен вез низ целиот материјал, голема панделка и вел долг колку брачното ветување, како што пишуваат модните критичари, го надополнија впечатокот за класична венчаница со доза на магија која не може да ја долови никој друг како Ели Сааб.

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-10_copy.jpg

„Знаевме дека овој ќе биде најсимболичен фустан. Сакав нешто што ќе биде безвременско. Со Ели работевме на секој детаљ.

Тој има длабоко разбирање за мојот стил и личност, што му овозможи да создаде нешто спектакуларно и интимно во исто време.

Се чувствував целосно своја додека истовремено искусував трансформација“ – вели Зејн за оваа креација.

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-06-.jpg

Кликнете на видеото:

Во саботата вечер, парот приреди финална прослава во семејната резиденција, вечера и забава на отворено, со свеќи и бајковита атмосфера среде зелена оаза.

За овој настан, невестата се претвори во елегантна дива, во шампањ тоалета со сирена крој, со извезени кристали, светки и камења во форма на дијаманти, како и додаток здолниште долго 4-5 метри.

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-03.jpg

Додека многу невести се борат помеѓу традиција и индивидуалност, Зејн е една од ретките која успеала лесно да ги вклопи едното со другото и со достоинство да ги износи овие креации од нејзиниот свекор, како жена која сега го носи презимето на дизајнерот кој важи за крал на чипката, везот и високата мода.

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-11.jpg

Иако не се откриени во јавност други детали и суми за луксузната свадба, на фотографиите се гледа раскошот, преку модните креации, атмосферата, декорациите, па до огромната невестинска торта.

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-02.jpg

koga-svekor-ti-e-moden-imperator-raskoshnata-svadba-na-sinot-na-eli-saab-nevestata-smeni-3-raskoshni-venchanici-torta-na-12-kata-04.jpg

На свадбата на наследникот на модната империја на Сааб, присуствувале околу 1.000 гости, меѓу кои голем број од високото друштво и интернационални модни имиња, а за забавата биле задолжени повеќе музичари, како и изведувачи на разни танцувачки перформанси. 

Видео од атмосферата:

Повеќе фотки и видеа споделени од гостите:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
8 типа на чанти со кои ќе бидете во тренд во лето 2025 Плетени чанти, плик-чанта со пердуви, модели со везови. Кои типови на чанти ќе б...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Вакви ѕвезди! Џенифер Лоренс купува на акција, носи облека од втора рака и евтини фустани на црвенио... Вистински пример за скромност! Таа е една од најдобрите актерки на денешницата, ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg