За елегантно лето: Машки одела со класични шорцеви (фото)

Новиот хит за машката мода за ова лето се класичните шорцеви во комбинација со машки одела.

za-elegantno-leto-maski-odela-so-klasicni-sorcevi-001

Дали момците ќе се одлучат да ги носат овие шорцеви или не ќе ни покаже времето, но тие сѐ повеќе стануваат популарни на светските сцени.

Многу јавни личности, меѓу кои и Фарел, пејачот на популарната песна „Happy”, не одолеа на новиот тренд и ги покажа своите кратки класични шорцеви на црвениот килим.

Во комбинација со одело, овие класични шорцеви даваат еден поинаков, младешки изглед и со сигурност ќе бидат обожавани помеѓу помладата генерација, исто како што се случува со трендот кратки маички кај девојките.

Ако сте во потрага по нешто по различно за ова лето, тогаш момци, дефинитивно пробајте го овој нов тренд.

Летото е пред нас, па ќе видиме кои ќе бидат првите храбри момци кои ќе зачекорат низ улиците на пауза од работа или навечер во кафуле со овие класични шорцеви.

Можеби овие фотографии ќе ви помогнат во вашата одлука: 

Кое е вашето мислење? Ви се допаѓа ли новиот тренд и дали би носеле нешто вакво?

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава