Каква мајка, таква ќерка: Џеј Ло и Еми розеви од глава до пети (фото)

Џенифер Лопез е позната по тоа што секогаш изгледа стилски средено и со одбрани парчиња на себе. Па, веројатно, таквиот стил успеала да ѝ го пренесе и на нејзината 6-годишна ќерка Еми.

kakva-majka-takva-kerka-dzej-lo-i-emi-rozevi-od-glava-do-peti-01

Двете се појавиле на конвенцијата на Лигата на обединети латиноамерикаци  во Америка, одржана во Њујорк каде се сретнале и со првата дама на САД, Мишел Обама.

Облечени во сличен крој и комбинација на здолниште и горен дел, извезени со цветови и во комбинација со розеви-беж чанти.

Малата Еми е во модел од пеплум материјал со широко здолниште и на горниот дел има карнери околу струкот, додека нејзината мајка  е во потесно здолниште кое има карнери на колковите и полупроѕирна тенка блуза на долги ракави, исто навезена со цветчиња.

Елегантни и модерни како што им доликува, во придружба и на сестрата на Џенифер, Линда, присуствувале на оваа конвенција, каде Џеј Ло одржала мотивациски говор, а не пропуштила и да направи селфи фотографија при средбата со Мишел Обама.

Погледнете како изгледаат:

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тре...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...

Најчитани неделава