PARFOIS колекција есен/зима 2014

Во сезоната која доаѓа португалскиот бренд Parfois го завцрстува своето позиционирање во модниот свет и ја отвора колекцијата со каталог и рекламна кампања во која главната улога ја има Кејт Андервуд, а е фотографирана од Квентин де Бри, имиња кои се во подем во модниот свет.

parfois-kolekcija-esen-zima-2014-01.jpg

Линиите Драматичност и 60-ти се водечки во колекцијата и нудат широк спектар на модни додатоци. Ретро трендот е интерпретиран преку модни парчиња со футуристички и рафинирани елементи, комбинации на материјали, чисти линии и микс на бои, кои креираат динамичен и елегантен изглед. Колор блокирањето и геометриските форми се неизбежни за доловување на ерата која е една од најчестите модни инспирации, а е епитом на женственост и привлечност.

Другото лице на колекцијата за есен/зима 2014 е исцртано преку линиите кои содржат елементи на авантгарда и драматичност. Портокаловата, црната и црвената боја се основа врз која дизајнерите создале романтични парчиња за урбаното секојдневие. Деталите со металик ефект пак, даваат доза на фантазија и мистерија, а одлично се надополнуваат и со впечатливи цветови и украсни камења.

Во новата сезона кожата е застапена кај сè повеќе модели на елегантни чанти за уште поголемо чувство на софистицираност.

Можеме слободно да кажеме дека новата колекција на секогаш инвентивниот бренд е направена да го комплетира буквално секој изглед и да биде медиум за изразување на креативноста во стилизирањето кај жените.

Разгледајте дел од колекцијата за есен/зима 2014:

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава