За модерни девојки: Diesel колекција есен/зима 2014

На денешната мини модна ревија во трговскиот центар City Mall беа претставени новите колекции на брендот Diesel.

diesel-kolekcija-esen-zima-2014-01.jpg

Во едноставен, модерен и слободен стил кој одговара на младешкиот дух моделите кои прошетаа пред новинарите им ја дадоа вистинската енергија на парчињата облека.

Она што е интересно е што Diеsel го задржува својот препознатлив стил и материјалите како џинсот, кој надополнет со кожните детали на совршен начин го истакнуваат бунтовничкиот чекор во кој се пронаоѓаат младите.

Креативниот директор на колекцијата, Никола Формикети, инспириран од природата и современиот свет го дава точниот печат:

„Оваа сезона сакав да ја откријам другата страна на Diesel, која е забавна и по малку иронична, но пред сè слободоумна. Размислував кои сме ние - урбани номади кои патуваат околу светот посетувајќи различни музички фестивали како Коачела или Гластонбери”, вели Формикети.

Токму инспирацијата од музичките фестивали внесува лежерен дух во војничките парчиња. Класичните зелени парка јакни и палта се комбинираат со дезенирани материјали и помеки форми.

Oд сезона во сезона Diesel изнаоѓа нови начини да ја реинтерпретира кожата како материјал во форма на јакни и останати парчиња со впечатливи детали.

Џинсот - заштитниот знак на Diesel се произведува со занаетчиски пристап, каде дизајнот се спојува со иновацијата. Така, според зборовите на Формикети џинс производитe третирани со метод на избелување изгледаат како да се стари 100 години и ќе издржат уште 100.

И модните додатоци за есен/зима 2014 се во согласност со клучните трендови во колекцијата - чизми со војнички елементи, црни класични чевли со високи потпетици, златни “Oксфорд” чевли...

Погледнете дел од претставувањето на женската колекција:

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...

Најчитани неделава