Модни моменти кои ја обележаа 2014-та

Ова беше година на екстраваганција, година на цветните принтови и силни бои, но и година на пастелните тонови. Во неа ја славевме оригиналноста, но и класичните парчиња гардероба.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-01.jpg

За да не ги испуштиме најважните модни моменти од оваа 2014-та која полека си заминува, создадовме листа која ги вбројува сите важни имиња, настани, кампањи, нови трендови, но и по некој рециклиран од претходните.

1. Ова беше година во која не напушти големиот Оскар Де Ла Рента. Светот остана без еден креативец кој модата ја изедначи со љубовта кон жената.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-1.jpg


2.
Ова беше година на Ким Кардашијан. Можеби екстремно провокативна и не најсакана, но нејзината венчаница беше впечатливо модно издание кое не смее да се заборави.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-2.jpg


3.
Стилизираната Норт Вест на модната недела во Париз докажа дека за модата и стилот не постојат граници врзани за годините.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-3.jpg


4.
Немаше позабавен момент во високата мода од оној кога ексцентричното дуо Кара Делевињ и Карл Лагерфилд се појави на ревијата во супермаркет.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-4.jpg


5.
Ема Ферер, внуката на Одри Хепберн нè воодушеви со ретро гламурозниот едиторијал во Harper's Bazaar.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-5.jpg


6.
Поплава од „нормкор“ стилот е нешто по што оваа година дефинитивно ќе остане запаметена. Се работи за унисекс мода, со непретенциозен карактер и удобни парчиња облека.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-6.jpg


7.
Пред нашите очи од ден во ден се раѓаше новиот моден феномен - Кендал Џенер. До неодамна непозната тинејџерка, а веќе денес 19-годишен топ модел кој прошета по ревиите на големите модни имиња.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-7.jpg


8.
Ова беше година во која Инстаграм беше главниот моден медиум. Преку него дознавме за Кара Делевињ и Кејт Мос кои во дуо станаа заштитни лица на Барбери, исто како и веста за Кендал Џенер која стана ново лице на брендот Есте Лаудер.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-8.jpg


9.
Проѕирниот фустан на Ријана изработен од 230.000 Сваровски кристали.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-9.jpg


10.
Повторното актуализирање на впечатливите палта. Ако се бира модно парче кое ја обележа 2014-та, тогаш дефинитивно тоа се палтата со многу принтови и бои.

modni-momenti-koi-ja-obelezaa-2014-ta-10.jpg

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава