MANGO ревија пролет/лето 2015 080 Барселона

Барселона, 3 февруари 2015 – MANGO презентираше дел од новата колекција на петнаесетото издание на модното шоу 080. Над 800 гости присуствуваа на ревијата, која се одржа во впечатливиот Морски Музеј во Барселона.

mango-revija-prolet-leto-2015-080-barselona-01.jpg

Инспирацијата од 70-тите години беше очигледна кај сите парчиња од колекцијата за пролет/лето 2015. Претставени беа околу 35 женски и 15 машки комбинации во елегантен, но младешки стил на хипи ерата.

Кај женските модели, забележително беше присуството на чипка, везови, шифон, превртена кожа и провидни материјли. Долгите здолништа и фустани и едноставните и дезенирани кимоно кошули ја доловуваат лежереноста на колекцијата за оваа сезона.

Свежината на ова модно претставување беше дополнета со машките модели кои исто така во себе го носат боемскиот дух на 70-тите. Тексасот доминираше во комбинација со маици со принтови и кожни јакни.

Настанот беше проследен од страна на голем број интернационални и локални ѕвезди, меѓу кои беше секогаш шармантната Надја Ауерман, која изјави:

Особено сум возбудена за ова модно шоу. Ја сакам Барселона и MANGO како модерен бренд. Колекцијата оваа сезона е со хипи инспирација, а јас некогаш бев хипи девојка, такашто навистина ја обожавам!

Уште  едно впечатливо лице кое ја проследи ревијата беше Elettra Widermann, ќерка на Isabella Rossellini и внука на извонредната Ingrid Bergman.

Таа коментираше за соработката со MANGO:

Отсекогаш сакав да работам со MANGO, а ова е веќе седма или осма соработка со брендот.  Како модели не секогаш имаме можност да создадеме поблизок однос со брендовите за кои работиме, но јас секогаш се чувствувам среќно при средбите и работењето со MANGO фамилијата.

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...

Најчитани неделава