Springfield ја претстави новата космополитска и лежерна колекција пролет/лето 2015

sprigfield-ja-pretstavi-novata-kosmopolitska-i-lezerna-kolekcija-prolet-leto-2015-01

Springfield ги претставува новите пролетни колекции.

Лежерни, разнобојни и космополитски, брендот и оваа сезона предлага едноставна и убава облека како дел од својата носечка филозофија.

Женска линија

СОН ЗА СЛОБОДА

1.jpg

„Сон за слобода“ е линија инспирирана од боите на американското знаме: црвена, бела и сина. Комбинациите претставени во оваа колекција пренесуваат лежерно чувство и возбудлив микс од риги, ѕвезди и цветови кои ѝ даваат женствен пристап на темата.

 
СИНИ ЦВЕТОВИ

2.jpg

„Сини цветови“ е веројатно најженствената линија во колекцијата оваа сезона. Палетата на нежни тонови како сина, розова и екру ја носи енергијата и светлината на сончевите зраци од раната пролет во комбинација со џинс и цветни принтови. Бомбер јакните и блузите со бандана принт се носечки парчиња во колекцијата.


БОТАНИКА

3.jpg

Совршена колекција за млади и романтични девојки. Колекција која ја пречекува пролетта со патување до ботаничките градини исполнети со слатки мириси. Цветните принтови се аплицирани на водечките парчиња како парка јакните, комбинезоните, фустаните и едноставните маици.


АЈДЕ ДА ОТПЛОВИМЕ

4.jpg

Морнарска атмосфера пренесена во урбана средина. Жолтата боја во форма на линии, сидра и сончогледи е поставена наспроти темносината позадина, а спортските обувки се неизбежни во секоја комбинација.



Машка линија

НАДВОР ОД КАНЦЕЛАРИЈА

5.jpg

Црната и сивите нијанси во комбинација со бела боја, го доживуваат својот ‘comeback’.  Лежерен и урбан стил со доза на спортски елементи. Црна бомбер јакна, бела блуза со блуриран принт, кратка парка јакна  во комбинација со црни фармерки или панталони го доловуваат потребниот ефект. Кроевите се тесни и модерни со колор блокирање кај спортските чевли, кои исто така одлично изгледаат  и во бела боја.


СРЕЌНО СЕКОЈДНЕВИЕ

6.jpg

Лежерна облека со позитивен и оптимистички став. Црвена, бела и сина за релаксиран изглед. Најпрепознатливи парчиња од колекцијата се маиците со две впечатливи линии, бејзбол јакните, блејзерите, ветровките во разиграни бои и индиго фармерки...


ПУСТИНА

7.jpg

Колекција инспирирана од сафари и пустината, која се базира на земјени бои – песочна, зелена, беж и силно избелување на џинсот. Парка јакната е носечко парче, а афро мотивите се присутни кај маиците и блузите.


„COOL” СИНИЛО

8.jpg

 Доминантна индиго боја, комбинација на ројал сина боја и тиркизни тонови. „Разводнетите” тонови и комбинации како палто со бермуди со апстрактни принтови. Маиците пак, се исто така избелени, а присутни се и џинс кошулите и панталоните. Многу свеж cool син изглед.


Погледнете дел од новата колекција за пролет/лето 2015:

Би можело да ве интересира:

Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Осум минималистички парчиња облека и додатоци што треба да ги имате за оваа сезона Фармерки со рамен крој, златни обетки, но и широк костим – кои минималистички па...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава