Fashion Group - моден партнер на Даниел Кајмакоски за Евровизија 2015

Fashion Group ја продолжува традицијата на поддршка на претставниците за Евровизија, па по минатогодишната соработка со Тијана Дапчевиќ, оваа година компанијата се јавува како моден партнер на Даниел Кајмакоски.

fashion-group-moden-partner-na-daniel-kajmakoski-za-evrovizija-2015-01.jpg

Даниел ќе носи облека, обувки и модни додатоци од брендовите кои ги опслужува компанијата како Bata, Geox, Timberland, Fashion&Friends, Springfield, Celio*, Bitsiani, Hugo Boss....

Младешкиот дух и ведрината која ја проектира Даниел одлично одговараат со духот на брендовите на групацијата, a Fashion Group ќе биде задолжен за изгледот на Даниел при секое негово појавување во текот на подготовките,  промо турнејата како и за време на престојот во Виена, Австрија.

При изборот на облека од брендовите, освен  познатата стилистка Ивана Ребреновиќ, и самиот Даниел активно ќе биде вклучен во процесот  и ќе ги бира и споделува своите омилени модни парчиња на социјалните мрежи, изразувајќи го сопствениот стил, преку кој фановите ќе ја запознаат  неговата „модна“ страна. Партнерството со Даниел ќе продолжи и по завршувањето на Евровизија 2015 преку неколку заеднички проекти, кои ќе бидат дополнително објавени.

fashion-group-moden-partner-na-daniel-kajmakoski-za-evrovizija-2015-02.jpg

Ова не е првата соработка на компанијата со Даниел Кајмакоски, кој при крајот на 2014-тата година соработуваше со брендот Bitsiani за неколку свои настапи. Fashion Group ги препознава и поддржува македонските таленти, овозможувајќи им да изгледаат убаво, модерно и да се издвојуваат од останатите.

Богатото портфолио на брендови, дел од групацијата, им прилегаат на различните вкусови и потреби на купувачите, кои сакаат да бидат во тек со модата и трендовите, а притоа самите да можат да го пронајдат својот карактер и вкус „отсликан“ преку модните парчиња од различните брендови.

Тимот на Fashion Group му посакува успешен настап на Даниел Кајмакоски, среќа и пласман во финалната вечер.

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото) Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...

Најчитани неделава