Најдобрите модни трендови за пролет 2015 според Google

Идеите за личен стил најчесто ги црпиме од модните статии и блогови, ревии или од најблиските пријателки. Од сега во листата го додаваме и Google.

modni-trendovi-spored-google-01

Пребарувачката страна оваа пролет објави статија во која предвидува кои се трендови ќе бидат ин оваа пролет и лето. Начинот на кој го одредува тоа е прилично интересен. Со прелистување на модните зборови кои корисниците ги или воопштно не ги пребаруваат.

Еве неколку трендови кои се во пораст:

1. Миди здолништа

Овој тип здолниште доликува на секој тип на тело. Без оглед на дали имате вита става или сте малку полнички, миди здолништето успева да прикрие се што посакувате да сокриете.

modni-trendovi-spored-google-1.jpg


2. Здолништа со тул

Широката разбранувана претставува ултра женствен симбол кој според Google е тренд во поход. Дали станува збор за Кери Бредшо од серијата Сексот и Градот или грациозноста на балерините, сеуште не се знае кој е виновниот за овој моден стил. Во секој случај, ако оваа пролет се одлучите токму за овој стил, здолништето со тул препорачливо е да го комбинирате со некој изразен детаљ како кошула или кожна јакна.

modni-trendovi-spored-google-2.jpg


3. Палацо панталони

Овој лесен изглед може да направи да изгледате повитно и повисоко, доколку знаете како правилно да го употребите. Кога го склопувате со некоја маичка гледајте таа да биде тесна, инаку постои опасноста да се загубите во целиот тој материјал.

modni-trendovi-spored-google-3.jpg


4. Кратко фустанче со ракавчиња

Да бидеме искрени овој стил на облекување никогаш нема да излезе од мода. Може само да излезе од сезона на облекување, освен ако не сте одлучени во зима да настинете.Топлите денови веќе се тука, така да слободно уживајте во овој лесен и едноставен стил во кој секогаш ќе изгледате убаво.

modni-trendovi-spored-google-8.jpg


5. Високо струкирани костими за капење

Стилот на 20тите, без разлика на тоа дали станува збор за дизајнот или модата, повторно е тука. Секако заедно со еден од поглавните тогашни трендови, високо струкираните бикини. Ова особено важи за ова лето. Никогаш нема да направите грешка ако се одлучите за ваков модел затоа што ќе добиете нозе на модел.

modni-trendovi-spored-google-4.jpg


Во продолжение, неколку трендови кои полека изумираат:

1. Пеплум фустани

Златните 15 минути на слава на овој стил на облекување си заминаа. Пребарувањата за пеплум на Google; според нивните истражувања драстично се намалуваат.

modni-trendovi-spored-google-5.jpg


2. Бикини

Нема повеќе тенки врвки и многу малку материјал.

modni-trendovi-spored-google-6.jpg


3. Цевка панталони

Иако на сите ни се омилен начин на облекување особено за секојдневието, се чини дека овој стил полека си заминува. Веројатно повторно ќе се врата ѕвонестите панталони.

modni-trendovi-spored-google-7.jpg

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...

Најчитани неделава