Што треба да знаете пред да ја одберете вистинската венчаница?

Невестите знаат да бидат претерано проблематични кога венчаницата е во прашање. Затоа, пред да ја купите, добро информирајте се за цените, начинот на плаќање и останатите погодности кои ви ги нуди салонот за венчаници.

sto-treba-da-znaete-pred-da-ja-odberete-vistinskata-vencanica-01.jpg

Сепак, овие 4 работи се клучни ако сакате да го изберете вистинскиот модел:

1. Носете го телефонот со себе

Кога ќе тргнете во потрага, задолжително земете го мобилниот со вас. Наместо да се фотографирате, направете кратко видео како изгледате во фустанот, дали можете слободно да се движите во него и слично. Сигурно ќе пробате повеќе модели, па нема да бидете во состојба сите да ги запаметите. Ако сепак се одлучите за фотографии, сликајте го фустанот од сите можни агли.


2. Бирајте класични венчаници

Стручњаците и модните советници велат секогаш да бирате вонвременски, класични модели кои никогаш не излегуваат од мода. Секоја жена која ја следи модата ќе сака и за 50 години да изгледа како филмска дива кога ќе ги погледне фотографиите од венчавката.

sto-treba-da-znaete-pred-da-ja-odberete-vistinskata-vencanica-02.jpg

3. Бидете отворени за соработка

Не почнувајте со пробување на сите венчаници кои ги има во салонот затоа што залудно ќе си го трошите и времето и нервите. Послушајте ги советите и препораките на луѓето во салонот, затоа што тие секој ден се справуваат со најмалку 10тина невести кои го имаат истиот проблем како вашиот. Бидете отворени да ги прифатите предлозите кои ќе ви ги дадат врз основа на вашата градба и ништо не разбирајте како навреда.

sto-treba-da-znaete-pred-da-ja-odberete-vistinskata-vencanica-03.jpg

4. Внимателно со велот и обувките

Задолжително распрашајте се каков модел и боја одговара со вашиот фустан. Велот би требало да биде со идентична нијанса како и самиот фустан, затоа што и најмалата разлика ќе биде лесно воочлива на фотографиите.

Што се однесува до чевлите, високите потпетици и сандалите нека ви бидат избор за сликање, а за подоцна одберете модел на платформа кој и онака нема да се забележува под долгиот фустан, а ќе ви овозможи цела вечер без болки.

Невести со искуство, имате уште некој совет?

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...

Најчитани неделава