Разиграјте го летото со костимите за капење и додатоци за плажа на Golden point

Колекцијата на костими за капење од  Golden point се одликува со акварелни бои и светкави монистри со кои се добива гламурозен изглед. Од разновидните модели, можеме да ги издвоиме оние со градник-појас кои се достапни во различни бои и шари, со подметки или без и со отстранливи врвки, комбинирани со бикини со низок струк со фронтална апликација од монистри на двата дела. Уникатни се и костимите со цветни мотиви и плетена тантела, како и оние со текстура со мини рози на горниот дел и костимите со пулејка. Многу од нив се одликуваат и со декоративни детали на врвките.

razigrajte-go-letoto-so-kostimite-za-kapenje-i-dodatoci-za-plaza-na-golden-point-01.jpg

Еднобојните костими со „V“ деколте со ситни нитни или пак со детали на монистра и со висок отвор на задниот дел, се достапни со или без корпи и прерамки на подесување.
„Push up“ градниците со цветна плетка се совршени за оние посмелите кои сакаат вниманието постојано да биде насочено кон нив. Трикини костимите на едно рамо со цветови и тантела на рабовите се одлични доколку сакате да се издвоите и да бидете оригинални.

За да го нагласите својот исончан тен, совршено ќе ви прилегаат дводелните и едноделните костими за капење во силни бои како корална, виолетова, розова, сина нијанса со бронзени или златни рабови.
За оние кои сакаат да го „камуфлираат“ својот изглед, одличен избор се костимите во земјени бои, со принт од змиска кожа и со војнички мотиви.

Разновидните додатоци за плажа – мрежестите блузи, кошула-марама и фустани со тропски мотиви, туниките од плетка и со реси, можете да ги комбинирате со костимите за капење и да го добиете посакуваниот изглед.

Освен женската колекција на костими за капење, Golden point нуди интересни машки модели со тропски мотиви, шарени дезени, светли пастелни бои и темно сини нијанси.

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава