Музичките икони од 60-тите и 70-тите години „се вратија“ за модната ревија на MANGO

На 30-ти јуни, на Олимпискиот стадион во Барселона, бразилскиот модел Ана Беатриз Барос ја отвори ревијата на MANGO за колекцијата есен/зима 2015.

muzickite-ikoni-od-60-te-i-70-te-godini-se-vratija-za-modnata-revija-na-mango-01.jpg

Модната ревија беше хостирана од Џонатан Андик, која доби тек со една од најпознатите лица на интернационалните модни писти - бразилскиот модел Ана Беатриз Барос, која изјави: „Шпанија е земја полна со живот и страст и тоа е она што ме фасцинира. Бидејќи по потекло сум од Бразил, лесно ми е да се идентификувам со многу обичаи од оваа земја. Драго ми е што MANGO сметаше на мене за отворањето на овој посебен настан. Ја сакам музика и колекцијата која MANGO ја дизајнираше за оваа сезона е вистински омаж за тие луди години кои проектираат слобода и влечат инспирација од стилот и талентот на тие музички легенди. “

Компанијата ја отвори шеснаесеттата едиција на 080 Barcelona Fashion модната ревија, каде беа поканети повеќе од 800 гости, а меѓу пристуните беа голем број познати лица од шпанското општество, личности од телевизијата и кинематографијата, радио водители и многу модни блогери.

MANGO ја пренесе естетиката на звуците од 60-тите и 70-тите во ревијата, каде беа искомбинирани музиката и модата. Стилот на женските музички икони од овој хипи-период како Џенис Џоплин, Грејс Слик, Пети Смит и Блонди беше презентиран преку кожните јакни, ѕвонарки, широките фустани и блузи.

Беа претставени 58 комбинации во контекст на рок и диско стилот, вклучувајќи долги и ниски деколтеа, кожни „цевка“ панталони, комбинација на текстура и светкави детали кои го славеа вистинскиот гламурозен аспект од оваа еволуција.

Колекцијата за мажи исто така се наврати во времето со тоа што ги реинтерпретираше трендовите на британскиот рок стил.

„Цевка“ панталони и војнички јакни и палта беа клучни за колекцијата каде црната боја преовладуваше во облеката со дизајни инспирирани од рокенролот и стилот на младите бунтовници од тој период, со примеси на фолклорен дезен.

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава