Модна борба: Трендовите vs. Личниот стил

Флуоресцентни чевли, ПВЦ чанти, очила со огледало ефект, незамисливото споено заедно, како извор со вода, со брзината на светлината, постојано иновативна, електрична, забавна, модната индустрија, секоја минута, секој час, како нови ѕвезди, постојано создава нов трендови, моди со краток рок на траење.

modna-borba-trendovite-vs-licniot-stil-01.jpg

Потребниот ладен туш врз класиката, да се разбие монотонијата и покаже креативноста, умовите на дизајнерите кои работат со полна пареа, постојано ги изненадуваат љубителите на мода со нови модни трикови, дизајни, дури и нови измислени магии со боите.

Но, зошто во повеќето од времето модните трендови некако им успеаваат само на неколку девојки, ќе речете како само за нив да се скроени? Дали навистина дизајнерите ги креирале за токму одредни луѓе? Или можеби затоа штo  повеќето не прават разлика помеѓу трендовите и личниот стил.

Трендовите се како како река, постојано течат, кратко се задржуваат и се со искра само за еден период. Инспирирани од моментот, модните трендови како бран, земаат голем замав, и токму како сурфањето, некои успешно го совладуваат, на други пак не им лежи спортот.

Успешното следење на модните трендови, односно носењето на истите е резултат во пронаоѓањето на рамнотежа помеѓу нив и вашиот личен стил. Моментот кога ќе ја пронајдете разликата помеѓу “го сакам” и “ми стои” ќе биде моментот кога на нозе ќе останете на модната сурферска даска.

modna-borba-trendovite-vs-licniot-stil-02.jpg

А впрочем, зошто да бидете следач кога можете да бидете и водач?

Токму поведени од тоа, покрај дизајнерите, поактуелно, во последно време, дури и самите љубители и страсни следбеници на модата се оние кои што ја предводат трендовската толпа благодарение на социјалните мрежи, што е еден вид на тренд.

Преку едноставно експериментирање на својот личен стил, со мешање на бои и разни парчиња, од модните блогери, па дури и оние кои не се, трендот е тоа што може да го поттикне и најобичниот читател за пронаоѓање на нешто ново, а склопено во неговиот личен стил.

Исто како од психолошки аспект, важно е да се се има свое “Јас”, зар не?

Автор: Е.Г

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...

Најчитани неделава