Новиот Ангел на Victoria's secret има само 19 години

Во Април 2015-тата година Victoria’s secret прогласи уште 10 нови девојки за ангели, а дел од нив  и 19-годишната Тејлор Хил кој иако сè уште е само тинејџер, но веќе длабоко продре во модната индустрија.

noviot-angel-na-victorias-secret-ima-samo-19-godini-01.jpg

Таа е една од најмладите ангели на Victoria’s secret, но пред да стане модел таа била гимнастичарка. За себе и своите работни навики вели: „тренинзите ми дадоа навика на напорно работење кое сега е насочено на моделингот“.

Оваа девојка од Колорадо откриена е верувале или не во штала. Истиот ден кога таа дошла во ранчот за да јава нејзиниот фотограф и агент бил дојден за фотосесија и подготовка на моден едиторијал.

„Мојот агент беше дојден таму за фотосесија. Судбина беше!“ – вели младата Хил.

Пред да стане познат модел таа имала проблеми во средното училиште во кое одела: „Бев превисока, слаба и чудна. Го мразев одењето на часови. Бев премногу срамежлива и имав лош став“. Признава дека поголемиот дел од учениците ја малтретирале.

Нештата драстично се промениле откако станала модел.  „Потоа започнав со моделинг и сите тие луѓе кои ме мразеа и малтретираа започнаа да ми испраќаат пораки на Фејсбук и да бидат добри со мене“. „Добивав пораки како: Еј, ме паметиш мене? – Да се сеќавам колку беше злобен со мене“ – објаснува Хил.

Како и нејзината колешка Елза Хоск, таа стана од PINK модел во Ангел.

Досега има потпишано договори со големи брендови и компании како H&M и Ralph Lauren уште на 18 години и изминатиот декември за првпат се појави на модната писта на Victoria’s secret како PINK модел.

„Кога дознав дека ме примиле бев пресреќна. Дури и плачев неколку минути, бидејќи не можев да верувам дека нешто неверојатно ми се случува. Ова е работата за која отсекогаш сум сонувала“ – вели Хил.

Сега нејзината кариера се вивна. Покрај тоа што стана Ангел, таа потпиша и договор со Dolce&Gabbana.

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава