Машката мода редефинирана - HUGO BOSS колекција есен/зима 2015

Најпознатите фотографи Инез ван Ламсвеерд и Винуд Матадин ја покажуваат својата брилијантна магија преку сликањето за новата машка колекција на BOSS за кампањата есен/зима 2015, во соработка со францускиот модел Клемент Шаберно. Дуото се смета за едни од најважните и највлијателни модни фотографи на ова време.

maskata-moda-redefinirata-hugo-boss-kolekcija-esen-zima-2015-01.jpg

Во студио во Лос Анџелес, колекцијата триумфира преку користењето на сенките и светлото во комбинација со иновативната и драматична слоевита позадина, која е налик антрацит. Острите кројки и темно црвените бои се истакнати со маестрално користење на светлото, надополнети со одлично одиграната поза на моделот, кој неодамна се појави на насловната на машкиот Вог.

Првпат соработувајќи со BOSS, Шаберно совршено ја „проширува“ збиената визија на снимањето. Длабокиот поглед на моделот, комбиниран со раскошот на кадифената позадина, ја нагласува храбрата и прецизна природа на самата колекција, привлекувајќи го вниманието на синтетичките и налик органски текстури. Струкираните палта и рафинираните јакни во неутрални тонови ја дефинираат оваа исклучителна модерна колекција, која исто така е надополнета со модни додатоци како што се големите кожни викенд-торби и безвременските, софистицирани очила за сонце.

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава