6 начини како да не носите градник, иако имате големи гради

Ако секој ден носите градник, сигурно знаете колку е добро кога конечно ќе го соблечете на крајот од денот. Ако пак имате поголеми гради, задоволството се зголемува барем двојно.

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-001.jpg

За да не им бидете роб на жиците кои ве стегаат и прерамките од кои ве боли грбот, постојат барем 6 начини на кои можете да се камуфлирате и да не носите градник.

1. Носете слоеви

Еден од омилените трикови кои ќе ви дозволат да облечете што сакате, но без градник од доле. Облечете кошула, само внимавајте да не е проѕирна, врз неа голема марама, а ако е постудено ставете и сако или кожна јакна. Кратките елечиња пак се идеални за потоплите денови.

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-1.gif


2. Искористете ја потпората во самите маички и топови

Многу кратки маички и корсети денес нудат потпора со вметнати потпунки и жици, затоа извадете го градникот. Само внимателно со големината, не дозволувајте да се стегнете до степен што градите ќе ви излегуваат. Бирајте го бројот според корпите на самата маичка или корсет.

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-2.gif


3. Носете кроп топ

Многу кроп топ маички се дизајнирани за да ги носите без градник, поточно делуваат екстремно чудно ако ставите градник под нив.

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-3.gif


4. Одберете свилена или памучна долна маичка

Ако сакате малку повеќе да покриете, а сепак да се ослободите од корпите, одберете долна маица. Колку и да ви делува бабински, така ќе ги избегнете непријатните ѕиркања на градите, а ќе ви биде многу поудобно.

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-5.gif


5. Кога е постудено, носете џемпери

Џемперите се најдобри пријатели во зима од две причини - прво, секогаш ќе ви биде топло, второ, под нив нема потреба да носите ништо освен обична маичка. Доволно се дебели, па градите нема да се оцртуваат, а на вас сигурно ќе ви биде поудобно.

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-4.gif


6. Не се грижете кој што ќе помисли!

Можеби ова не е практичен совет, но вреди да го прочитате. Тоа што имате големи гради не значи дека треба да ги криете! Не се грижете кој ќе ги види или што ќе каже, едноставно облечете го она што го сакате!

6-nacini-kako-da-ne-nosite-gradnik-iako-imate-golemi-gradi-6.gif

Би можело да ве интересира:

Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава