4 работи на кои треба да внимавате кога купувате кожна јакна

Модната азбука не би била целосна ако во неа не ја вклучите и кожната јакна, посебно во есенските денови кои ни следуваат.

4-raboti-na-koi-treba-da-vnimavate-koga-kupuvate-kozna-jakna-001.jpg

Одговара на различни комбинации, во повеќе прилики и на сечии години.

Кожната јакна е инвестиција која не избледува, па затоа неопходни ви се овие 4 совети за да ја одберете вистинската:

1. Не смее да биде претесна, ниту прекратка

Иако сакаме тесни јакнички кои ни ја нагласуваат линијата, кога купувате кожна јакна мора да имате на ум дека под неа сигурно ќе облечете дебели џемпери и ќе сакате да ја закопчете. Притоа, ако одберете тесен и краток модел ќе изгледате како вреќа. Затоа важно е да внимавате моделот да ви го покрива цел грб и да вие удобен во пределот на градите.


2. Бирајте црно

Црната кожа е класика која вреди да ја имате во гардероберот. Слободно купете и кафеав и сив модел, но само ако веќе имате една црна. Внимавајте и на тоа рабовите да бидат квалитетно сошиени со соодветен конец кој не се двои од црната кожа.


3. Заобиколете ги трендовите

Сè што важи за боите, важи и за тренди додатоците на јакната. Околувратници од крзно, нитни, украси... Колку и да ги сакате - минливи се и брзо ќе ви досадат.


4. Паметно бирајте го материјалот

Постојат повеќе видови на еко кожа - тенка, дебела, мат, мазна, со текстура... Најважно е текстурата да биде соодветна со останатата облека која ја имате во гардероберот и онаа која ќе биде подготвена да издржи во куфер без да се стутка, испука или лесно да се изгребе.

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава