Пролетно освежување со боите на Bata

Новата пролет-лето 2016 колекција на Bata е создадена да ги впие боите на природата и да ги пренесе врз чевлите и модните додатоци. Интензивни нијасни се наоѓаат на ниските чевли, а флоралните принтови ги разубавуваат патиките, летните сандали и еспадрилите.

proletno-osvezuvanje-so-boite-na-bata-01.jpg

Еднобојност е новиот тренд за сезоната која ни следува. Посебно внимание е дадено на секоја боја, на тоа што го претставува истата и какви чувства побудува. Нема повеќе контрасти и комбинации, туку само чисти бои.

Следејќи ги овие влијателни модни трендови, Bata го најавува доаѓањето на новите North Star обувки на навлекување, со интензивни нијанси на плетениот горен дел, а истата боја продолжува и на ѓонот. Целосно обоени се и обувките до глужд со ватиран горен дел, украсени со мали кристални детали. Овие чевли се лесни за носење, одговараат на лежерен, но и на поформален изглед, со кои ќе направите силни контрастни издвојувања на целата гардероба. Едноставни и софистицирани, секојдневната облека се комбинира со „витамински модни додатоци“, кои го изразуваат вашиот ведар карактер.

proletno-osvezuvanje-so-boite-na-bata-3.jpg

Удобни и практични, новите балетанки со шпицест врв со доза на гламур, ќе го оживеат и ќе дадат карактер на најминималниот и секојдневен изглед. На овие рамни чевли е додадена класа и оригиналност. Новиот моден тренд за сезона пролет-лето ‘16 се балетанките со шпиц кои ќе ви бидат ултра-шик придружници за да оставите впечаток со вашиот стил во секоја прилика.

Оваа сезона не може да помине без цветните принтови кои се „набрани“ на патиките и можете да ги комбинирате за да добиете уникатен спротски изглед. Флоралните мотиви ги има и на салонките, летните сандали и еспадрили. Тие се идеални за комбинирање со летни лелеави фустани, кои само ќе ја развеселат комбинацијата. 

Повторно „ин“ се Оксфордките, но овој пат добиваат нови дезени, а земјените тонови преовладуваат на нив, како и на летните чизми, мокасини и сандали. Чизмите се збогатуваат со ресести детали, со кои се навраќаме на хипи стилот од 60-тите и 70-тите години.

Пронајдете го вашиот пар во некоја од продавниците на Bata и означете го доаѓањето на пролетта, оставајќи оригинален моден впечаток.

Би можело да ве интересира:

Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат) Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...
Тренд за 2025: Чанти што личат на крпа од џогер - и наша модна инфлуенсерка се вљуби во нив И македонската модна инфлуенсерка Марис се вљуби во овој тренд на чанти и вели д...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...
Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè) Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој. ...
Идеи како да ги комбинирате каубојските чизми за да изгледате стилски (фото) Сигурно веќе насекаде во излозите и низ улиците ги гледате каубојките – ако ви т...
Моден тренд кој му одолева на времето: Како да носите „точки“ во пролет 2026? На здолништа, панталони, кошули, марами, дури и на тренерки - популарните точки ...

Најчитани неделава