5 места и ситуации на кои не е дозволено да носите фармерки

Фармерките се безвременски и можат да се носат во скоро секакви прилики – од дневни прошетки до забави и вечери. 

definitivno-izbegnuvajte-gi-5-mesta-i-situacii-vo-koi-ne-e-dozvoleno-nosenje-farmerki-01

Но, постојат ситуации во кои носењето фармерки е невкусно и во кои подобро е да ги замените со класични панталони, фустан или здолниште.

Ова се дел од тие ситуации:

1. На венчавка

Кога одите на свадба, најдобро ќе биде да заборавите на фармерките. Според бонтонот, ова правило смее да се прекрши исклучиво ако младенците налагаат максимално лежерен дрес код и кои би одобриле носење фармерки.


2. На погреб

Иако е општо познато, не е на одмет да се напомени дека фармерките не се прикладна облека за вакви сериозни стиуации во кои мораме да покажеме почит кон покојниот и неговото семејството.

Еден од начините на искажување почит е и облекување складно со традицијата која налага парчиња во темни бои – освен ако семејството на покојниот не изрази поинаква желба.


3. Запознавање со семејството на партнерот

Првото запознавање со родителите или другите членови на семејството од партнерот се познати по тоа што создаваат паника и стрес затоа што сакаме да оставиме добар впечаток и да се прикажеме во најдобро светло.

Иако сите познавачи на модата знаат дека со добар „стајлинг“ фармерките можат да изгледаат и поубаво од фустан, поголема е веројатноста дека најдобриот впечаток ќе го оставите во елегантни парчиња како класични панталони или фустан.


4. Интервју за работа

Сите знаат дека постои посебен начин на облекување за интервју за работа. Направени се бројни истражувања кои кажуваат која е најдобрата професионална комбинација, кои бои треба да ги носите... но, во таквиот список фармерките се испуштени.

Макар да се работи за лежерна околина, вашиот изглед треба да биде строго професионален, а фармерките дефинитивно не се дел од вашиот посакуван изглед.


5. Сите ситуации и места кои бараат формално облекување

Театар, уметнички галерии, свечени вечери – според правилата на бонтон, овие места и пригоди налагаат елегантна облека.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Moдните изданија на македонските познати дами на Саемот за венчавки - Антониа Гиговска издоминира со... Саемот за венчавки се одржува од 20 до 22 февруари годинава, а по традиција, пов...
Предлог комбинации со кафеава боја – безвременска класика што е идеална за зима (фото) Тешко е да направите модна утка  со кафеава боја бидејќи лесно се комбинира...
Комбинации на бои со кафеава кои секогаш изгледаат скапо (фото) Комбинацијата на кафеава со црна, бела или пак, сива секогаш делува раскошно и с...
Како да ги комбинирате капри панталоните – „најконтроверзниот“ тренд за ова лето? Дури и да ги мразите, вреди да им дадете шанса на капри панталоните – изгледаат ...
Најпосакуваниот фустан за лето 2025 – трендот го наметна Кендал Џенер, го обожаваат сите девојки (фо... Фустанот кој е комбинација од горен дел во вид на корсет и долен дел кој паѓа оп...

Најчитани неделава