Како гумата на старките повторно да стане како нова?

Ако сакате да го исчистите белиот гумен раб на платнените патики и тие да ви останат бели и чисти што е можно повеќе, испробајте го овој едноставен трик со кој вашите патики секогаш ќе изгледаат како нови.

kako-najbrzo-i-najdobro-da-gi-ischistite-starkite-1.jpg

Платнените патики како старките моментално се многу модерни, но белата гума за брзо ќе се извалка и ќе станат жолтеникави.

Ако сакате тие да останат како нови што е можно подолго, тогаш овој едноставен трик за момент ќе ги отстрани и најтврдокорните дамки.

Потребни ви се:

  • Ацетон
  • Памучна крпа

Постапка:

1. Навлечете ги патиките на рака за да добиете цврста подлога.

2. Врвот од крпата натопете го со ацетон и детално избришете го гумениот раб на патиката.

3. Повторете ја постапката по потреба, на чисти делови од крпата кои повторно ќе ги натопите со ацетон.

kako-najbrzo-i-najdobro-da-gi-ischistite-starkite-2.jpg

Совет плус: Ако на гумата сѐ уште има дамки, додадете малку детергент на воден кујнски сунѓер и истријте ги патиките, апотоа избришете ги со влажна крпа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава