Прстени, тесни фармерки: Облека која треба да ја избегнувате на високи температури

Секоја година, едвај чекаме да дојде лето. Безгрижност, плажа, одмор, лесна облека, забава – листата е бесконечна. Меѓутоа, кога температурите ќе станат екстремно високи, а асфалтот е скоро цел „стопен“, некако тоа лето и не ни е баш најомилено.

prsteni-gladijatorki-shto-treba-da-izbegnuvate-za-vreme-na-zheshtinata-001.jpg

А, без разлика што надвор воздухот трепери од топлина, можеме да направиме барем едно нешто – да одбереме соодветна облека поради која нема да патиме повеќе од потребното.

Во летните месеци кога температурите стануваат луди, дајте ѝ предност на функционалноста. Потрудете се да не ви е жешко само затоа што некој дел од облеката и модните додатоци добро ви стојат. Постојат опции во кои ќе се поштедите од топлотен удар, а истовремено ќе изгледате модерно, без жртвување на визуелниот впечаток.

 Ова се летните парчиња кои е најдобро да ги прескокнете ова лето:

1. Прстени

Кога надвор е топло, бижутеријата остава ужасна зелена боја од оксидацијата на накитот. Токму затоа, најдобро е да не носите прстени во текот на летниот период. Нив може да ги замените со обетки или децентен ѓердан.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-1.jpg

2. Тесни фармерки

Ако досега излегувавте од домот во вашите тесни фармерки, а температурата надвор е +30 степени, тогаш знаете зошто не ви препорачуваме да ги носите. Тие ќе се залепат за вашите бутови и ќе направат да го проколнувате моментот кога сте одлучиле да ги облечете.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-2.jpg

3. Гладијаторки

Сандалите со ремчиња не се најдобриот избор кога е премногу топло од истата причина како и прстените. Во текот на денот може да ви се случи да ви потече зглобот, а ремчињата може болно да ви се врежат во ногата.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-3.jpg

4. Свила

Можеби ви се чини дека свилената маичка е одлична за летните месеци, но на листата за прозрачност таа е на дното. Потењето никогаш не било секси и никогаш нема да биде.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-4.jpg

5. Црна или сива боја

Веќе сите знаат дека во лето не е препорачливо да се носат темни бои. Дури и ако вообичаено носите црна и сива облека, одморете од овие бои за да се заштитите од топлотен удар. Иако црната може да изгледа како очигледно лоша боја за жештините, сивата е уште полоша бидејќи на неа се познаваат дамките од пот.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-5.jpg

6. Најлонски хулахопки

Колку и да сте незадоволни од изгледот на вашите нозе, летните месеци се ужасни за носење хулахопки. Во текот на целиот ден ќе се чувствувате како кожата да ви се залепила за пластична кеса, а никому не му е грижа како ви изгледаат нозете.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-6.jpg

7. Чизми

Кога некој ќе каже: „Но, тоа не се обични чизми, тоа се летни чизми“ единствено што ни доаѓа да кажеме е: „Извини, но тоа не постои, тоа и понатаму се чизми, а ти умираш од жештина.“ Затоа, одберете некои едноставни и што е можно поотворени сандали и уживајте во животот без да се мачите на жештините.

obleka-koja-treba-da-ja-izbegnuvate-na-visoki-temperaturi-7.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава