Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та
Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови се враќаат по скоро 3 децении и ќе бидат вистински хит оваа година.

Некои модни трендови се класика, други, пак, се појавуваат и исчезнуваат.
А до крајот на 2025-та година, според модните експерти, ќе се вратат 7 модни трендови од 1990-тите и почетокот на 2000-тите, кои претходните генерации ги обожаваа.
Па, зошто да не ги сакате и вие? Прочитајте кои се, можеби некои од нив ќе бидат вашиот нов моден фаворит.
Миди не е во мода
Мини здолништата беа хит пред повеќе од 20 години, и иако никогаш сосема не исчезнаа, во 2025-та целосно ќе ги заменат миди здолништата.
Или мини или не сте во мода!

Панталони и фармерки со низок струк
Последниве години во тренд беа панталоните или фармерките со висок струк, но старите добри фармерки кои го покажуваат папокот и голем дел од стомакот се враќаат на голема врата.

Тесни фармерки
Откако девојките експериментираа со широки фармерки, со бој-џинс (машки модели) и со ѕвонарки, од оваа година ќе се вратат на стариот добар тренд - тесни фармерки припиени за ногата како хеланки.

Палта од твид
Во минатото палтата од твид беа дел од плакарот на девојките со стил (се сеќавате на Алисија Силветстоун во Clueless?), но потоа станаа асоцијација за деловните жени.
Денес, како што се менува модата, така се менува и нивната функција, па тие повторно ќе бидат модно парче што ќе е одраз на стилот на секоја девојка и жена.

Морнарски комбинации
Сино-белите принтови повторно ќе доминираат, без оглед дали се маички, кошули, фустани, зимски џемпери.
Всушност, понекогаш се чини дека овој тренд некогаш не излегол од мода.

Бохо е повторно шик
Иако бохо стилот беше многу модерен во 1970-тите, повремено се враќа во тренд, а таков ќе биде случајот и сега.
Без оглед дали ќе изберете лелеав фустан, облека во земјени тонови, рамни панталони или елеци - нема да згрешите.

Рачно изработени аксесоари
Купениот накит заменете го со парчиња накит кои ќе ги направите самите.
Рачно изработениот накит, кој целосно ќе ве отсликува вас, ќе биде најдобриот избор за оваа година.

А. Ј. | Црнобело
