BATA Vivienne – Безвремениот шарм на англискиот стил

Моделот Vivienne е дел од колекцијата на BATA за есен/зима 2016, инспириран од англиската традиција и препознатливиот англиски стил.

bata-vivienne-bezvremeniot-sarm-na-angliskiot-stil-001.jpg

Изработени од кожа и подигнати на повисока гума која е направена од особено лесен материјал, овие чевли се практични и удобни за носење, па така во нив можете да го поминете целиот ден и лесно да ги адаптирате од чевли за во канцеларија во одлична комбинација за попладневна прошетка или ручек со пријателите.  Оригиналните Vivienne се препознатливи по ресите и специфичната декорација на горниот дел кој потсетува на дизајнот на машки чевли и е синоним на лежерна елеганција, а постојат и неколку варијации на овој модел.

Традицијата на ваквиот модел на чевли потекнува од дождливите предели на Ирска и Шкотска, а перфорацијата била направена за да не се собира вода на горниот дел од чевлите. Со текот на времето ваквите детали стануваат шармантен орнамент, а чевлите моден хит во 70-тите. Со враќањето на ретро трендовите, ваквиот модел на чевли е особено актуелен како кај комерцијалните така и кај луксузните брендови.

Vivienne моделот може да се комбинира со повеќе различни чанти во зависност од стилот или приликата за која станува збор.

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...

Најчитани неделава