Од Мерилин Монро до Моника Белучи: Стилските тајни на добриот изглед
Според Џорџо Армани, еден од најпознатите модни дизајнери „Елегантноста не се состои во тоа да бидете забележани, туку да останете запаметени“.

А, ако сакате луѓето да ве паметат засекогаш мора да изградите сопствен стил од кој нема да отстапувате.
Ако помислите на жените кои важат за модни икони во областа на шоу бизнисот ќе забележите дека секоја од нив има сопствени правила кога е стилот во прашање.
Ако сте во потрага по она кое еден ден ќе можете да го наречете сопствен стил, погледнете некои од правилата до кои тие се придржуваат:
Грејс Кели

- Носете макси здолништа..
- Избирајте едноставен крој.
- Изгледот надополнете го со елегантни додатоци: долги ракавици, бисери, шешири, шалови, заоблени обетки.
Елизабет Тејлор

- Избирајте едноставни фустани кои ја следат линијата на телото.
- Не плашете се да изгледате ексцентрично: носете крзно и свила, пердуви...
- Носете облека со интензивни бои.
Одри Хепберн

- Секогаш избирајте црна, бела, црвена и песочно кафеава боја.
- Држете се до основното правило: погледнете се добро во огледало и откријте ги вашите силни страни.
- Не заборавајте на додатоците: елегантна чанта, долги свилени ракавици, накит со дијаманти и шешири.
Мерилин Монро

- Црвените усни и насмевката се нешто кое секогаш треба да го имате на себе.
- Носете високи потпетици.
- Избирајте женствени и секси пин-ап фустани.
Софија Лорен

- За да изгледате елегантно секогаш избирајте квалитетни парчиња облека. Одлучете што ви треба и никогаш не купувајте облека со лош квалитет.
- Секогаш бидете претпазливи со тесната облека.
- Секогаш држете се до своето мислење кога е облеката во прашање, бидејќи сепак вашиот стил е во прашање.
Бриджит Бардо

- Изберете фустан кој можете да го носите за секое вечерно излегување.
- Носете рамни чевли наместо потпетици.
- Ако се двоумите ставете шешир! Главниот трик за добар изглед е да најдете шешир кој соодветствува на обликот на вашето лице.
Кетрин Денев

- Носете миди здолништа и класични блузи со мало деколте.
- Подобро е да немате на себе повеќе од три различни бои.
- Избирајте работи кои совршено се надополнуваат.
Вивиен Ли

- Избирајте природна шминка.
- Секогаш давајте ѝ предност на црната боја пред сите останати.
- Носете секојдневна облека која ја истакнува вашата женственост: тесни јакни и елегантни прави здолништа со тесни машки маички.
Моника Белучи

- Истакнете само еден дел од вашето тело: ако сакате да ги покажете нозете, сокријте го деколтето и обратно.
- Секогаш избирајте монохроматски бои, едноставни дезени и свила.
- Имајте на ум дека главното оружје на жената е секогаш светлиот кармин и лабаво пуштената коса.
Анџелина Џоли

- Користете сјај за усни наместо кармин.
- Носете елегантна облека секојдневно: комбинирајте ги миди/пенсил здолништата со монохроматски блузи и џемпери со неутрални и светли нијанси.
- Носете колку што е можно помалку додатоци.
Никол Кидман

- Секогаш избирајте монохроматски бои.
- Носете тесна облека.
- Штиклите со средна висина ќе направат да изгледате неверојатно женствено.
Шарлиз Терон

- Сокријте ги вашите недостатоци и од нив направете ваши силни страни.
- Не плашете се да изгледате старомодно. Создадете сопствен стил, не е важно ако не ги следните најновите модни трендови.
Салма Хајек

- Основата на женскиот плакар треба да бидат фустаните.
- Не носете обични фустани, секогаш избирајте нешто кое ја истакнува женственоста и сексапилот.
- Додадете нешто посебно во секојдневниот изглед, марама, брош, модерна чанта...
М. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето)
Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та
Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода)
Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025
Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут
Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот.
С...