Geox - нова полетна енергија за пролет/лето 2017

Geox ja дочекува пролетта со линија чевли во која се претопуваат удобноста, убавината и функционалноста.

geox-zenska-kolekcija-obuvki-prolet-leto-2017-001.jpg

Линија која со помош на развиена технологија ги овозможува чевли кои се пријатни и модерни, а во себе имаат вплотено креативност, леснотија и флексибилност. За пролет/лето 2017 Geox нуди модели кои се впечатливи и прилагодливи за секоја прилика – за чекорење низ урбаната џунгла, класични настани, спортски денови и гламурозни вечери.

Од колекцијата издвојуваме неколку носечки модели:

БОИТЕ НА МОДАТА

Сандали кои ја реинтерпретираат урбаната елеганција преку комбинација на драматични бои – интензивна сина, портокалова, жолта и розова. Направени од превртена кожа, овие чевли следат елегантна и модерна линија со широка, удобна потпетица.

Перфорираниот ѓон со мемориска пена  е лесен и флексибилен и е совршено надополнување на патентираната технологија на Geox и врвниот дизајн.

geox-zenska-kolekcija-obuvki-prolet-leto-2017-1.jpg


РЕТРО СТИЛ

Женствени чевли со иновативна комбинација на различни материјали во исти тонови - кожа, превртена кожа и технички меш, вкомпонирани во оригинален дизајн.

За апсолутна удобност, класичната елеганција е  збогатена со модерни елементи, додека пак Geox системот кој овозможува стопалата да дишат е интегриран во надорешниот ѓон и практични внатрешни влошки кои лесно се отстрануваат.

geox-zenska-kolekcija-obuvki-prolet-leto-2017-2.jpg


NEBULA

Култниот Nebula дизајн за оваа сезона истражува нови интензивни бои кои ги истакнуваат динамичните и спортски елементи од секојдневието преку технички софистицирани материјали. Nebula е израз на филозофијата на Geox за ултимативно чувство на удобност кое се комбинира со перформансот по највисоки стандарди издржливост, леснотија и флексибилност – вистинско доживување на одење по облаци.

geox-zenska-kolekcija-obuvki-prolet-leto-2017-3.jpg

Колекцијата е дополнета со уште многу актрактивни модели на чевли кои ќе ги направат пролетните и летните денови модерни, разнобојни и лесни.

Јакните кои се направени со употреба на врвна технологија исто така се дел од богатиот избор за сезоната која со нетрпение ја очекуваме.

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...

Најчитани неделава