Flyroam патиките од Timberland пристигнаа и во Македонија (фото)

Како бренд со богата историја, но и чувство за идните трендови, Timberland ја започнува сезоната пролет/лето 2017 со уште еден иновативен производ со лансирањето на  колекција Flyroam (флајроам). Трендовскиот дизајн се среќава со иновацијата во современ производ кој ги спојува спортот и стилот. Динамична линија обувки со минималистичка естетика, ултимативната спортска обувка, подготвена за секакви услови.

timberland-prolet-leto-2017-flyroam-aerocore-tehnologija-visok-performans-i-futuristicki-stil-3_copy.jpg

Конструкцијата на Flyroam обувките е лесна, а линијата едноставна. Тие доаѓаат во неколку форми направени платно или превртена кожа, а одлично се комбинираат со спортска облека, но си џинс.

timberland-prolet-leto-2017-flyroam-aerocore-tehnologija-visok-performans-i-futuristicki-stil-1.jpg

timberland-prolet-leto-2017-flyroam-aerocore-tehnologija-visok-performans-i-futuristicki-stil-2.jpg

Во центарот на овој нов производ на Timerland e технологија наречерна AeroCore  - енергетски систем кој се фокусира на флексибилност и намалување на притисокот од тежината при движење. Внатрешноста на обувките нуди специјални перничиња за удобност, додека пак единственото место каде се употребува гума е местото каде се остварува контакт со надворешноста. Со помош на AeroCore системот, Flyroam обувките се значително полесни и овозможуваат слобода во движењето. Издржлива и отпорна, аеродинамичната линија на овие обувки е функционална и модерна, совршено дополнување на оваа напредна технологија.

timberland-prolet-leto-2017-flyroam-aerocore-tehnologija-visok-performans-i-futuristicki-stil-01_copy_copy.jpg

Flyroam обувките се ексклузивни за европскиот пазар за оваа сезона, а ќе бидат достапни и во продавниците на Timberland во Рамстор и Skopje City Mall. 

timberland-prolet-leto-2017-flyroam-aerocore-tehnologija-visok-performans-i-futuristicki-stil-4.jpg

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Што облекоа гостите на првите „Лазаров награди“ во Скопје? (фото) Стефан и сопругата Марта беа усогласени во црно, а црно избраа и Таско со сопруг...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото) Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се са...

Најчитани неделава