Стилски водич за матуранти од Bitsiani

Со доаѓањето на сезоната на матури неизбежна е потрагата по комбинација со која матурантите ќе бидат впечатливи и уникатни, а сепак ќе го задржат младешкиот дух. Веќе трета година по ред, Bitsiani подготвува стилски водич за матуранти со кој сака да им даде идеи и да разреши некои од дилемите кога станува збор за облека за овој вид на прослава.

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-01.jpg

Како што е вообичаено за Bitsiani, комбинациите се колоритни и даваат свежа интерпретација на актуелните модни трендови. Силуетата ја следи линијата на телото, а бои кои доминираат се сината и бежовата, дополнети со потемни нијанси и поинтензивни тонови. Обувките се важен дел од секоја комбинација и тие ја дополнуваат приказната за младиот, модерен човек кој самоуверено ја носи облеката и наоѓа начин преку неа да го изрази својот сензибилитет. Модните додатоци како марамчиња, вратоврски, беџови и манжетни се неизбежни и можат да се комбинираат на безброј начини.

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-1.jpg

Во стилскиот водич, освен предлог комбинациите, матурантите  ќе може да најдат и корисни текстови за комбинирање на бои, врзување вратоврска, носење џебно марамче и сл.

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-2.jpg

Фотосесијата за матурскиот водич е реализирана од страна на фотографите Ани и Дими со моделот Димитар Амски од агенцијата Моделс Ин, за шминка задолжен беше Дарко Мишовски, а за фризура салонот HairDo.

Водичот наскоро ќе биде достапен во продажните места на Bitsiani, во рамките на списанието Теа Модерна и на уште неколку соодветни локации низ градот.

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-3.jpg

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-4.jpg

stilski-vodic-za-maturanti-od-bitsiani-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
Предлог комбинации за девојките вљубени во модата од 1990-тите (фото) Тексас шорцови, маичка и патики или, пак, тексас фустан со бели патики – која ви...

Најчитани неделава