10 кралски модни правила кои ги прекрши Меган Маркл

Има луѓе што ќе речат дека правилата постојат за да бидат прекршени. Меѓутоа, ваквата „политика“ не важи и во британското кралско семејство.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-1.png

Од друга страна, се чини дека идната сопруга на принцот Хари го нема научено протоколот, или, пак, планира да постави сосема нов кодекс за облекување во Бакингемската Палата.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-2.jpg

Доколку е второто во прашање, поранешната американска глумица е на добар пат да успее во намерата. За релативно кусо време, таа си воведе свои трендови, надвор од сите можни стандарди за носителите на сина крв.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-3.jpg

Можеби вам не ви делува така, но идната членка на британската монархија, шокираше дел од јавноста со своите појавувања. Особено поддржувачите на строгите и формални конвенции кога станува збор за гардеробата.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-4.jpg

Десетте модни кралски правила кои ги прекрши Меган Маркл се:

1. Носење чанта во рака

Во ноември минатата година, Меган го прекрши протоколот, држејќи во раката чанта со потпис на Strathberry.  Имено, чантите со дршка и не се баш прифатливa oпција, бидејќи оневозможуваат дланките да бидат слободни. Ова е прилично важен фактор. Членовите на кралското семејство треба да имаат слободни раце, како би можеле да се ракуваат.

Од таа причина, попожелни се чантичките што може да се држат под мишка, или, пак, преку раменото. Притоа, секогаш членовите на кралското семејство се тие кои први ја пружаат раката. Никако не може да биде обратно.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-5.jpg

2. Неуредна коса

Меган често може да се види со благо речено „лежерна“ коса, која подразбира опуштени пунџи и разбушавена коса. Тоа ѝ е уште еден моден прекршок, затоа што во кралското семејство со генерации се крие косата под шешири и шапки, или, пак, се одржува совршено уредна, каде секое влакно е на своето место.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-6.jpg

3. Голи нозе

Кога заедно со принцот Хари ја објавија веста за свршувачката, Меган немаше долги најлонски чорапи на себе. Покажувањето на голите нозе во јавноста, претставува уште едно големо „НЕ!“ во очите на кралското семејство. Кралицата Елизабета веќе 91 година се појавува во хулахопки, како и Кејт Мидлтон, која ги носи секогаш кога има здолниште или фустан на себе.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-7.jpg

4. Проѕирен фустан

Штом се појави првата официјална фотографија, како најава за венчавката помеѓу Меган и Хари, дел од јавноста беше збунета и изненадена. Свршеницата на принцот се одлучи за црн фустан со долги ракави, чиј горен дел е потполно проѕирен, а има детали во вид на златно лисје. Ваквиот неконквенционален пристап беше крајно зачудувачки, но потврди дека Меган ќе игра по сопствени правила.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-8.jpg

5. Скинати фармерки

Друга прилика во која Меган исто така предизвика модна дебата, беше кога на Ivictus игрите во Торонто, таа се појави во искинати фармерки – разресени на дното и со процепи на колениците. Иако е ова сосема нормален тренд помеѓу обичните смртници, такво нешто е недопустливо во кралското семејство.

Ретко ќе ги затекнете благородниците во џинс, а посебно во формални пригоди. Впрочем, се сеќавате ли некогаш да сте ја виделе Кејт Мидлтон во скинати фармерки со дупки? Секако дека не.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-9.jpg

6. Дијамантски прстен

И, додека едни ѝ завидуваат на Меган Маркл заради дијамантскиот веренички прстен, другите не ни знаат дека со ова всушност беше прекршено уште едно ултимативно правило. Сите останати дами во кралското семејство, ги преферираат драгоцените камења далеку повеќе од дијамантите.

На пример, Кејт Мидлтон го носи прстенот со сафир од покојната принцеза Дијана. Овој драг камен го носела и мајката на кралицата Елизабета, како и принцезата Ана, додека принцезата Маргарет на својот прст имала рубин.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-10.jpg

7. Носење модни брендови што не се британски

Традицијата наложува да се носи облека од исклучиво британски модни куќи и креатори, како што се Burberry или Alexander McQueen. Кога малку подобро ќе подразмислите, ова и има логика. Но, не и за Меган.

Покрај тоа што е од американско потекло, таа доста време има поминато и во Канада, каде како глумица работеше на серијата „Suits“. Па, за денот на свршувачката одбра бел мантил од канадскиот бренд Line the Label, додека за друга важна прилика, Маркл се стокми со капут од Smythe.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-11.jpeg

8. Сјај за усни

Според модните познавачи, сјајот за усни е нешто кое се избегнува во кралското семејство. Освен што делува по малку вулгарно, можно е при посилен ветер да се залепи косата на усните поради него. Оттука, на сите им беше големо изненадување кога Меган се појави вака нашминкана, и тоа на божиќниот ручек кај кралицата.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-11.jpg

9. Различни обетки

Комбинирањето на две или повеќе различни обетки е табу тема дури и за просечниот човек, а камоли за кралското семејство. Па, кога Меган на едното уво имаше три ѕвездички, а на друго обетка во форма на буквата „V“, сите останаа шокирани и благо збунети од нејзиниот избор, а пред сѐ од комбинацијата на накитот.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-12.jpg

10. Црна облека

Доколку ги следите нивните појавувања, сигурно ќе забележите дека светлите и интензивни бои се мошне популарни во модата на кралското семејство. Меѓутоа, не и кај Маркл! При официјалната посета на Велс, таа носеше комплетно црна комбинација, каква што другите благородници би ја оставиле само за тажни настани. Вообичаено за погреби.

Па, малкумина ги развесели мрачниот изглед на идната жена на Хари. Но, барем држеше зелена чанта во раката, што сепак внесе една боја плус во целокупниот стилски ансамбл.

10-kralski-modni-pravila-koi-gi-prekrshi-megan-markl-13.jpg

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главе... „Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава