10 безвременски парчиња облека кои треба да ги имате во вашиот гардеробер


10 безвременски парчиња облека кои треба да ги имате во вашиот гардеробер

 И покрај бројните трендови и огромниот број на облека која ни е достапна на сите, постојат неколку парчиња кои се универзални за сите нас без разлика каде живееме и како се облекуваме.

10_bezvremenski_parcinja_obleka_koi_treba_da_gi_imate_vo_vasiot_garderober_01.jpg

Дел од нив:

Фустан со цветен дезен

Ова одлично парче облека е совршено за овие пролетни денови кога температурите и расположението потсетуваат на цвеќиња и пролетна свежина. Без разлика на дезенот, кројот и бојата сите девојки имаат барем еден ваков фустан во својот гардеробер.

10_bezvremenski_parcinja_obleka_koi_treba_da_gi_imate_vo_vasiot_garderober_02.jpg

Кожена јакна

Кожената јакна е дефинитивно број еден избор за сите нас. Сите поседуваме барем еден примерок од овој тренди додаток, кој не штити од временските услови и прави да изгледаме супер тренди.

10_bezvremenski_parcinja_obleka_koi_treba_da_gi_imate_vo_vasiot_garderober_03.jpg

Кошула на риги

Уште еден универзален примерок кој може да го комбинираме на милион начини, а сепак да изгледаме одлично. За на работа или за на кафе, без оглед на пригодата овој тип на кошула секогаш доаѓа со загарантиран тренди изглед.

10_bezvremenski_parcinja_obleka_koi_treba_da_gi_imate_vo_vasiot_garderober_04.jpg

Темни и тесни фармерки

Број еден избор на најголем процент од светската популација се секогаш фармерките. А број еден за сите жени се тесните, темни фармерки кои дозволуваат да бидат комбинирани со сите бои, нијанси, дезени и кроеви.

10_bezvremenski_parcinja_obleka_koi_treba_da_gi_imate_vo_vasiot_garderober_05.jpg

Тексас кошула

Тексас кошулите се одличен избор и замена за традиционалниот тип на кошула. Од кога започна трендот тексас на тексас овој вид на кошули навистина направија огромен бум и сега се наоѓаат во гардероберите на сите урбани жени и мажи.

10_bezvremenski_parcinja_obleka_koi_treba_da_gi_imate_vo_vasiot_garderober_06.jpg

Уште 5 парчиња на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Парчиња облека кои секоја девојка по 25-та година треба веќе да ги пос... До 25-та година девојките веќе почнуваат да градат сопствен стил, но во тој пери...
Моден водич за мажи и жени: Како да носите одело со патики? (фото) Во очекување на потопли и сончеви денови, време е да почнеме да размислуваме за ...
20 пати кога ѕвездите носеле секси долна облека наместо нормална облек... Кога сте позната личност може да излезете од дома облечени во било што – буквалн...