Не облекувајте на работа
Вашето присуство на работното место треба да остава впечаток дека сте таму за да ги завршите обрвските. Тоа значи дека секогаш треба да бидете...
...средени и да изгледате професионално. Но, што всушност професионалниот изглед налага?
Што е тоа што не смеете ниту да помислите да го облечете кога одите на работа?

- Тексас. Иако фармерките се сè повеќе прифатени на работното место, сепак не треба да го истакнувате нивното носење. Имено, кога веќе сте решиле да облечете фармерки, надополнете ги со некоја класична кошула или џемпер со V израз.
- Долна облека. Не, не сакаме да кажеме дека не треба да носите долна облека, туку дека бојата и типот на килотите и градникот кои ги носите не мора да бидат видливи за колегите. Секогаш изберете долна облека која што нема да паѓа во очи, а сепак малку ќе ги истакнува вашите атрибути.
- Гола кожа. Секси изгледот може да отвори многу врати, но тоа не значи дека на работа треба да носите длабоко деколте или кратко здолниште. Здолништето нека биде најмногу 10цм над колената, а што се однесува до деколтето гледајте што помалку да откриете. Истото важи и за мажите. Можеби љубовниот тепих на градите е ваша гордост, но не морате истиот да го споделите со останатите колеги.
- Скинати и извалкани алишта. На секого може да му се случи додека е на работното место да се извалка или да ја скине облеката. Но, флеки од пот стари и по недела дена, искинати копчиња и изгужвани алишта се неприфатливи.
- Премногу накит. Додатоците се задолжителни за вистинските професионалци, но сè додека се во линија со тоа што на себе го носите и со имиџот кој сакате да го изградите. Нежни обетки, убав каиш и дискретен прстен се само показател дека навистина внимавате на деталите.
- Тренерки. Малку е тешко да го сфатите човекот сериозно кога носи нешто со кое што најверојатно претходно спиел. Непрофесионалниот изглед зачувајте го за дома, за во сала или за во природа.
- Големи логоа. Можеби можете да си дозволите да купувате луксузни брендови, но носењето на големи брендирани логоа може само да ве направи да изгледате бесрамно и очајно во обидот да го привлечете вниманието на другите.
- Апостолки. Небитно колку е опуштено во фирмата каде што работите, апостолките се најголемото зло. Прво, никој не сака да гледа туѓи голи стапала. Второ, звукот кој го прават апостолките може да ги излуди колегите.
Би можело да ве интересира:
Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2025: Што облекоа посетителите?
Како и првата вечер, црната боја беше фаворит кај гостите на Shtip Fashion Days ...
Трендови за накит кои ќе се истакнуваат во лето 2025
Обетките во форма на морски ѕвезди кои ги гледаме насекаде, ланчиња со приврзоци...
Модни комбинации со кои ќе постигнете тивок луксуз оваа есен – едноставен и скап изглед (фото)
Ако сакате да изгледате скапо, а сепак едноставно и да зрачите луксуз во боите н...
Кафеавите фармерки се новиот зимски тренд – како да ги комбинирате? (фото)
Можете да ги комбинирате со парчиња со слични нијанси, но и неутрални тонови, а ...
Модни парчиња што ќе доминираат до крајот на зимата (а се носат и во рана пролет)
Панталоните со висок струк кои веќе се класика, но и едноставниот плетен фустан ...
Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат)
Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...