Модни парчиња што ќе доминираат до крајот на зимата (а се носат и во рана пролет)
Панталоните со висок струк кои веќе се класика, но и едноставниот плетен фустан за деновите кога немате инспирација.

Ако сакате да се подновите, но не ви се троши многу за парчиња што ќе ги носите само уште месец-два, тогаш имаме неколку предлози за вас.
Некои од тренди парчињата за оваа зима лесно можат да се вметнат и во комбинациите за рана пролет, кога времето е малку потопло.
Шест парчиња што ќе доминираат до крајот на зимата, а ќе можете да ги носите и на почетокот на пролетта:
Панталони со висок струк
Широките панталони си висок струк веќе се класика, а одлично се вклопуваат во зимските комбинации со џемпери и чизми.
Но, исто добри се и за рана пролет, кога времето е малку потопло бидејќи изгледаат мошне добро со кошули.

Струкирано сако
Сакоата никогаш не излегуваат од мода, а струкираните модели изгледаат добро на секаков тип на тело.
Совршени се за деловни и поелегантни комбинации.

Широк џемпер
Има безброј опции за комбинирање на широките џемпери.
Во зима можете да ги носите со фармерки или панталони со висок струк, а кога е малку потопло, можете да ги облечете врз краток фустан или здолниште.

Миди здолниште
Миди здолништето може да изгледа одлично во зимските комбинации, кога уште е студено.
Но, ќе ви се најде и во рана пролет, во комбинација со сако или кошула.

Фармерки со рамен крој
Фармерките со рамен крој се меѓу најголемите хитови оваа зима бидејќи изгледаат добро со џемпери и чизми.
Исто добро изгледаат и со кошула и чевли или балетанки, па можете да ги носите и во рана пролет.

Макси фустан
Едноставниот плетен фустан е одличен избор кога сакате да изгледате стилски, а немате многу инспирација.
Бидејќи изгледа добро и со ниски чевли и балетанки, сигурно ќе го носите и во рана пролет.

Спирова С. | Црнобело