Модни закони од кралиците на стилот: 10 парчиња облека што секоја дама мора да ги има во гардероберот

Тајната на најдобро облечените жени во светот, скриена е во безвременските класици, на кои тие секогаш им се враќаат. И одново нѐ воодушевуваат со вкусот.

modni-zakoni-od-kralicite-na-stilot-10-parchinja-obleka-shto-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-vo-garderoberot-1.png

Погодувате? Станува збор за вечно инспиративните Французинки. Постојат одредени нешта без кои не можат си да го замислат сопствениот изглед, а богами ни живот.

Кога модните закони од кралиците на стилот би ги преточиле во топ листа, ова се десетте парчиња облека што секоја дама мора да ги има во гардероберот:

1. Црн или темно син блејзер

Кога се сакоата во прашање, француските дами често посегнуваат во машкиот плакар, па позајмуваат и нивни модели. А, блејзерите во двете класични бои ги носат буквално со сѐ, од здолништа, преку фустани, па до панталони.

modni-zakoni-od-kralicite-na-stilot-10-parchinja-obleka-shto-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-vo-garderoberot-2.png

2. Сандали со рамни потпетици

Удобни и пред сѐ практични, сандалите со рамни потпетици се носливи во сите пригоди, како дневни, така и вечерни. Воедно, тие може да изгледаат лежерно и софистицирано, зависно од моделот што ќе го одберете, односно со каква облека ќе ги искомбинирате.

modni-zakoni-od-kralicite-na-stilot-10-parchinja-obleka-shto-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-vo-garderoberot-3.png

3. Пуловер од кашмир

Титулата најпосакувано комфорно парче за денски варијанти, пак, несомнено му припаѓа на пуловерот од кашмир. Французинките неретко го стегаат со впечатлив каиш околу половината, комбинирајќи го со омилените фармерки или здолниште.

modni-zakoni-od-kralicite-na-stilot-10-parchinja-obleka-shto-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-vo-garderoberot-4.png

4. Структуриран коктел фустан

Ваквиот женствен модел со нагласен струк, претставува одлично и брзинско решение за вечерните прилики. Особено ако изберете фустан во неутрална црна боја и го искомбинирате со штикли.

modni-zakoni-od-kralicite-na-stilot-10-parchinja-obleka-shto-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-vo-garderoberot-5.png

5. Кожена јакна

Класичната моторџиска јакна им е прв избор на француските модни икони. Во тандем со долг фустан ќе создаде урбан и модерен изглед, а подеднакво добро ќе прилега и со споменатиот пуловер од кашмир и фармерки.

modni-zakoni-od-kralicite-na-stilot-10-parchinja-obleka-shto-sekoja-dama-mora-da-gi-ima-vo-garderoberot-6.png

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026 Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристо...
Модни парчиња од 1990-тите кои ќе се вратат во полн сјај во 2025-та Фармерки со низок струк, палта од твид, рачно изработен накит - некои трендови с...
Ирина Шајк сексапилна во фустан што ѝ ги открива градите, па во чипка - Блесна на Сан Ремо 2026 Ирина, која важи за една од најзгодните манекенки во светот, издоминира на Сан Р...

Најчитани неделава