Од каде потекнуваат модните трендови и кој одлучува што ќе носиме?

Постојано слушаме за модните трендови и неретко се обидуваме да ги следиме.

od-kade-poteknuvaat-modite-trendovi-i-koj-odluchuva-shto-kje-nosime-01.JPG

Знаеме што ќе биде „ин“ оваа сезона, кои парчиња ќе ги носат сите и што најмногу ќе има по продавниците.

Но, кој одучува за сето ова?

Еден вид експерти набљудуваат што носиме

Пред една продавница да направи колекција за претстојната сезона, мора да знае што ќе се бара најмногу.

Овде на сила стапуваат таканаречените „гледачи на трендови“. Ова се модни експерти што едноставно ги гледаат мажите и жените на улица.

Забележуваат што носат обичните луѓе, со што ги комбинираат парчињата и се обидуваат да предвидат што би било најпосакувано во следниот период.

Но, овие луѓе не гледаат само облека. Имено, тие следат сè што актуелно кај потенцијалните муштерии – од омилени кафетерии и филмови, па сè до работни места. Сето ова влијае врз трендовите што ќе следат.

Продавниците ги користат овие информации и со нив се обидуваат да создадат нов тренд. А, кога нешто ќе видите на улица или на Instagram, поголема е веројатноста да го купите кога ќе го видите и во продавница.

На пример, говорите на активистката Грета Тунберг и еколошката криза во светот ги натераа брендовите да прават облека од рециклиран материјал. Од гледна точка на продавниците за облека, екологијата е тренд што можат да го продадат.

od-kade-poteknuvaat-modite-trendovi-i-koj-odluchuva-shto-kje-nosime-02.JPG

Се користи влијанието на познатите

Денес брендовите не се фокусираат на пејачки или актерки, туку на инфлуенсерите. Се разбира, инфлуенсери можат да бидат и пејачките и актерките, но и новинарите, блогерите, научниците, или какви било личности кои имаат некако влијание врз јавноста.

Сè што прават и имаат овие луѓе, веројатно ќе го посакуваме и ние. Главната причина за ова е зависта. Сепак, имајте на ум дека оваа завист е нормална и ја чувствуваат речиси сите.

Истовремено, продуктот, или трендот што ни го покажува инфлуенсерот го поврзуваме лично со него/неа. Па така, ако Џенифер Анистон рекламира парфем, жените кои ја сакаат најверојатно ќе го купат.

Се сеќавате на Кери Бредшо од „Sex and the City“ која ги натера сите жени да сонуваат за скапите Manolo Blahnik чевли? Или, пак, трендовите што ги постави семејството Кардашијан-Џенер?

Брендовите се свесни за влијанието на овие луѓе, па го користат максимално.

od-kade-poteknuvaat-modite-trendovi-i-koj-odluchuva-shto-kje-nosime-03.JPG

Нов вид рекламирање

Со текот на времето, гледаноста на рекламите на телевизија се намали и сите се префрлија на социјалните мрежи.

Ова, пак, го поттикна создавањето на маркетинг со инфлуенсери. Инфлуенсерите се оние што ни кажуваат што е тренд, а што не. Тие, пак, неретко ни го кажуваат она за што им платиле брендовите.

Знаевте ли дека дури 40% од корисниците на интернет купуваат нешто откако ќе го видат на социјалните мрежи, без разлика дали е класична реклама или обична објава?

Се сеќавате на малите Jacquemus чантички што не се воопшто практични, но ги носеа сите модни блогерки? Според некои податоци, дури 30% од приходот на брендот дошол од овие чанти, кои и самите ќе заклучите дека не вредат ништо.

Но, брендот им ги „раздава“ на инфлуенсерките пред Модната недела во Њујорк, тие ги направија тренд, па сите почнаа да ги бараат.

od-kade-poteknuvaat-modite-trendovi-i-koj-odluchuva-shto-kje-nosime-04.JPG

До каде ќе оди сето ова?

Сè додека луѓето имаат желба да бидат во тек и сè додека се подготвени да трошат за да бидат „ин“, ќе бидеме сведоци на трендови кои се менуваат со вртоглава брзина.

Затоа, можеби најдобро е да си изградите сопствен стил, кој нема да биде под огромно влијание од трендовите што ги диктираат продавниците и брендовите.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава