Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најмодерниот пар од Германија покажува дека стилот не знае за години (фото)

Поради некоја причина, повеќето постари луѓе не обрнуваат многу внимание на модата, но тоа не важи за овој пар од Германија.

najmoderniot-par-od-germanija-pokazhuva-deka-stilot-ne-znae-za-godini-foto-01.jpg

Гантер и Брит се вистински модни икони, кои докажуваат дека возраста нема никаква врска со стилот. 75-годишниот Гантер постојано е во одело, а неговата сопруга ги носи најелегантните комбинации, секогаш дополнети со впечатливи модни додатоци.

Гантер првпат го привлече вниманието на јавноста уште пред неколку години и веќе е сензација на модната сцена во Берлин. Тој дури има напишано и книга – „Just Be Yourself – You’re Never Too Old to Be Young“ (Бидете свои – никогаш не сте престари за да бидете млади), во која зборува за мудростите и лекциите што ги научил во текот на животот.

За неговата книга, Гантер вели:

„Еј, без разлика што ќе ви се случи, ако мислите дека сте неуспешни, ќе дојде денот кога ќе ја гледате слабоста како сила. Само во ретроспектива ги препознавам моите очајни денови и можам да ги ценам“.

Со неговиот оптимизам, Гантер научил да прифаќа сè што ќе му приреди животот, а заедно со Брит не дозволуваат возраста да ги спречи во што било. Тие се и редовни посетители на многу културни настани во Берлин, а докажуваат дека никогаш не е доцна да излегувате и да танцувате по клубови.

Дел од најдобрите фотки на модерниот пар:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 парчиња облека кои ни се омилени, но веќе не се во мода Фармерки „цевка“, широки палта, миди здолништа... иако ги обожаваме, веќе не се ...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
8 парчиња летна облека кои мора да ги имате во својот плакар Секоја жена во својот плакар треба да има бел фустан што ќе може да го носи во с...
Седа коса, брчки: Славните дами на Модната недела во Париз се доказ дека женската убавина е безвреме... Без разлика дали со некој килограм плус или седа коса на главата, познатите дами...
Златко Јовановски издоминира со круна на Модната недела во Париз: „Имав 5 креации, сите со рачно вез... „Ќе ви кажам една тајна - колекцијата требаше да брои 10 креации, но времето нè ...
9 познати дами кои секогаш се како во униформа (за да не направат модна грешка) Кејт Бекинсејл секогаш носи комбинација на шорцеви + здолниште или наметка, Ема ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg