Gucci продава виртуелни патики - не можете да ги носите, туку само да ги користите за фотки


Gucci продава виртуелни патики - не можете да ги носите, туку само да ги користите за фотки

Можете да си купите Gucci патики за само 9 долари, но не и да ги носите, бидејќи се виртуелни. Патиките се купуваат преку апликација и ќе можете да ги користите само за фотографии, слично како филтрите достапни на Инстаграм.

gucci-prodava-patiki-po-cena-od-9-dolari-ne-mozhete-da-gi-nosite-bidejkji-se-virtuelni-01.jpg

Познатите модни брендови редовно продаваат чудна облека и бизарни модни додатоци и тоа по огромни суми, а секогаш има некој што ќе ги купи.

Сега и познатиот бренд Gucci се најде на листата со бизарни продукти. За разлика од повеќето модели на овој бренд, новите патики што ги претставија чинат само 9 долари, односно околу 8 евра.

Но, ако си ги купите нема да можете да ги носите бидејќи се виртуелни.

gucci-prodava-patiki-po-cena-od-10-evra-ne-mozhete-da-gi-nosite-bidejkji-se-virtuelni-05.jpg

Италијанскиот бренд ги продава виртуелните патики на нивната апликација и ако си ги купите, ќе можете да ги вметнувате во ваши фотки.

Штом ќе ја вклучите камерата преку апликацијата и ќе застанете пред неа, на вашите нозе ќе се појават новите патики на Gucci.

gucci-prodava-patiki-po-cena-od-10-evra-ne-mozhete-da-gi-nosite-bidejkji-se-virtuelni-02.jpg

На патиките доминира светло зелената боја, а има и детали со светлосина, розова и црвена боја.

gucci-prodava-patiki-po-cena-od-10-evra-ne-mozhete-da-gi-nosite-bidejkji-se-virtuelni-03.jpg

gucci-prodava-patiki-po-cena-od-10-evra-ne-mozhete-da-gi-nosite-bidejkji-se-virtuelni-06.jpg

gucci-prodava-patiki-po-cena-od-10-evra-ne-mozhete-da-gi-nosite-bidejkji-se-virtuelni-07.jpg

Моментално патиките можат да се купат во САД и Велика Британија, а не е познато дали ќе бидат достапни и за други држави.

Што мислите, вреди да се плати за виртуелни патики или и ова е само залудно фрлање пари?

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 модни грешки кои сите ги правиме Купувате чевли на висока потпетици во кои не е можно да се движите. Носите иста ...
12 модни парчиња кои не ѝ стојат речиси на ниту една жена Од фустани со ластици и панталони со чудна должина до кошули со волуменозни дело...
7 модни лекции кои мора да ги знае секоја модерна дама Одберете жена чиј стил ве инспирира. Најдовте некое навистина вредно парче? Купе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg