Серена Вилијамс видно ослабена, ќерката на Кејт Мос убавица – Познатите дами на Gucci настан во Милано (фото)
Гвинет Палтроу се појави во шарите на Gucci од глава до пети, Серена Вилијамс го покажа телото откако ослабе и добри критики за користењето несоодветен начин за тоа, Деми Мур гламурозна – познатите дами на премиера на филм на Gucci за време на Модната недела во Милано.

Модниот бренд Gucci одбележува нова ера откако дојде нов креативен директор, што ја лансираше својата прва колекција пред Модната недела во Милано, a подоцна имаше и премиера на краток филм наречен „The Tiger“, кој е замена за класична модна ревија.
На премиерата во Милано дојдоа голем број познати имиња од светот на модата, но и спортистки и актерки кои соработуваат со модната куќа.
Погледнете го видеото од пристигнувањето:
Деми Мур (62) пристигна гламурозно, во долга златна тоалета, а Гвинет Палтроу се појави во стајлинг со повеќе парчиња, од кои сите беа во познатата шара на Gucci.


Ќерката на Кејт Мос, Лила, која неколку часа претходно беше во првите редови на ревија во Лондон, пристигна во младешки и шик стајлинг, со мини кожено здолниште и чизми со црна змиска кожа, искомбинирано со џемпер.


Посебен впечаток остави и тенисерката Серена Вилијамс, која дојде во црно, елегантно издание и ја покажа својата фигура, откако драстично ослабе и си го промени изгледот.


За начинот на слабеење, таа се соочи со многу критики: „Ужасно!“ - Maкедонските јавни личности ја осудија Серена Вилијамс што промовира слабеење со инјекции
Повеќе фотки од дамите на настанот:








Погледнете го краткиот филм:
M. M. | Црнобело
