7 модели на чевли кои ги купуваме без да размислиме дека се ризични
Чевлите не треба да се само убави и тоа е нешто на што секојдневно треба да се потсетуваме.
Комфорот е клучен и секогаш на прво место, бидејќи погрешниот избор на чевли, може да направи сериозни проблеми на целокупното здравје.
Ова се 7 модели кои ги купуваме, без да знаеме дека може да се опасни:
1. Сандали на врзување околу ногата – ја намалуваат и отежнуваат циркулацијата во нозете и предизвикуваат потекување, што потоа води до проширени вени.
2. Чевли на платформи со врвци – ногата е комплетно нестабилна во овој тип на чевли и може сериозно да завршите со повреди.
3. Патики-чорапи – иако делуваат удобно, може да доведат до искривување на стапалото и глуждот.
4. Каубојски чизми – тесните модели со шпиц може да ги притиснат прстите и да формираат коска кај палецот, затоа ако веќе преферирате каубојски модел, бирајте го оној со заоблен дел кај прстите.
5. Гумени чизми на штикла – секое лизгање во нив е ризично, посебно заради тоа што гумата е тежок материјал и штиклата само го отежнува движењето.
6. Отворени сандали на штикла – притискањето на ремчињата околу глуждот и прстите, не овозможува доволна потпора на стапалото, поради што се создава неправилно газиште. Неправилното газење на ногата може да предизвика проблеми до половината и нервните завршетоци.
7. UGG чизми – се работи за чизми кои не ја пружаат доволната потпора на мускулите, лигаментите и коските во нозете, па секојдневното носење може да предизвика болки во целото тело.
М. Д. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





