6 модни грешки со зимските аутифи кои не треба да ги правите (никогаш)

Во ред е љубовта кон XXL парчињата, но тоа не значи дека треба да изгледате како џиновска крзнена топка.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-01.jpg

Ако не сакате вашите зимски стајлинзи да бидат уништени, тогаш треба да внимавате на некои модни грешки и да не ги правите (никогаш).

Најчестите зимски модни грешки на жените:

Ефект на „зелка“, односно несоодветно слоевито облекување

Не може да облечете и XXL јакна и масивен шал завиен неколкупати и џемпер што ѕирка оддолу, ќе изгледате несредено. Во ред е слоевитото облекување, но во вистинската доза.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-02.jpg

Лошо калкулирање со димензиите

Прекуса јакна несоодветно искомбинирана со некој модел на фустан или со предолг џемпер знае да изгледа лошо.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-03.jpg

Претерување со сексапилот

Во ред е да се прават жртви во име на убавината, но не толку буквално. Навистина нема потреба да мрзнете во тенки хулахопки на престуден ден. Не ни изгледа соодветно.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-04.jpg

Кичести комбинации

На вас не може да ставите и крзно и впечатливи фармерки и впечатливи чевли и низа декоративни елементи. Колку е поедноставна комбинацијата, толку попрефинетo изгледа.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-05.jpg

Здодевни комбинации

Ако е студено времето, не значи дека комбинациите мора да ви бидат секогаш монохроматски и здодевни. Слободно додадете боја, ќе бидете доза ведрина во сивиот ден.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-06.jpg

Претерување со XXL парчињата

Во ред е љубовта кон XXL парчињата, но тоа не значи дека треба да изгледате како џиновска крзнена топка.

7-modni-greshki-so-zimskite-autifi-koi-ne-treba-da-gi-pravite-nikogash-07.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 модни гревови кои прават секоја жена да изгледа кич (4-иот е најголем) Моден грев 1: Слепо следење на трендовите. На пример, фармерките со низок струк ...
11 модни трендови кои сега се „ИН“, но во иднина можно е да им се смееме Вреќести панталони и фармерки, бициклистички со сако се само дел од актуелните т...
10 модни трендови од 2022-ра година, со кои треба да се збогувате Ќе се збогуваме со тесните, струкирани сакоа и со трендот тексас со тексас, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg