Мрежести хулахопки на работа и уште 10 грешки при изборот на хулахопки

Нема да ви биде удобно ако хулахопките ви се премали и ве стискаат или преголеми и ви се набираат. Плус, малите хулахопки лошо ве исцртуваат и се гледаат под облеката.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-01.jpg

Да се пронајде совршениот пар хулахопки за одредена комбинација е навистина тешка работа, иако можеби не ви изгледа така.

На изборот на хулахопки треба да посветите внимание, како што посветувате и на изборот на другите парчиња од стајлингот.

Грешки кои можеби ги правите при изборот на хулахопки:

Комбинирате сјајни хулахопки со патики

Сјајните хулахопки оставете ги за елегантните пригоди, а не за секојдневните прошетки со патики, тогаш дефинитивно ви се потребни мат.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-03.jpg

Ги носите во несоодветни пригоди

Ако планирате да спортувате, тогаш хулахопките не се добар избор, ќе изгледа несоодветно, а голема е веројатноста дека ќе ги скинете.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-04.jpg

Носите пренападни модели

Во ред е што сакате сексапил, но треба да внимавате на дозирањето и пригодите. На пример на работното место навистина не е во ред да се појавите со кусо здолниште и мрежести хулахопки.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-05.jpg

Правење дупки на хулахопките за рокерски изглед

Дури и да е тренд, ова ви дава изглед на несредена девојка/жена.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-06.jpg

Неуспешно комбинирање на хулахопки со сандали

Иако хулахопките сега се носат и со отворени чевли, сепак за да го успеете да направите добра комбинација од овој тип, треба да сте моден експерт и да внимавате и на боите и на материјалите.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-07.jpg

Избирање на модели во несоодветен број

Нема да ви биде удобно ако хулахопките ви се премали и ве стискаат или преголеми и ви се набираат. Плус, малите хулахопки лошо ве исцртуваат и се гледаат под облеката.

mrezhesti-hulahopki-na-rabota-i-ushte-10-greshki-pri-izborot-na-hulahopki-11.jpg

Уште 5 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Нека блеска црвено – одлични идеи за вашиот новогодишен стајлинг (фото) Доколку се двоумите што да облечете за највеселата ноќ во годината, црвената бој...
8 грешки при изборот на чевли (кои може да ви го уништат изгледот) Тесните фармерки и масивните, превисоки чевли не одат најдобро заедно – нозете м...
10 зимски модели на чевли кои одамна не се носат, а сите жени ги имаат Голем процент од изгледот зависи од чевлите со кои ќе ја финиширате комбинацијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg