Избор на хулахопки и уште 8 трикови како Кејт Мидлтон секогаш успева да изгледа беспрекорно
Отпорна е на трендови, а сепак вешто ги следи. Елеганцијата ѝ е второ име, дури и кога носи опуштени комбинации.

Кои се триковите со кои Кејт Мидлтон успева секогаш да изгледа беспрекорно?
- Кога носи хулахопки, максимално ги приспособува со тонот на чевлите.


- Кога бира чевли – бира квалитет и класика.

- Кога треба да воодушеви – се облекува монохроматски.

- Вешто ги комбинира дизајнерските парчиња со облека од поевтини брендови.

- Секогаш внимателно бира што ќе стави на косата. Во спротивно, ја остава пуштена.

- Се држи до старото правило дека чантата мора да одговара со чевлите.

- Малите чантички имаат предност.

- Сочуваната облека некогаш е подобра од нова.

- Одбира спектакуларни детали за свечени настани.

М. Д. | Црнобело