Како да го изберете совршениот капут според вашиот стил и формата на вашето тело?
Ако имате облини, најдобро ќе ви стојат струкираните капути, а ако сте послаби, избегнувајте ги многу тесните модели.
Капутот е задолжително парче облека за зимските месеци, а бидејќи ќе треба да го комбинирате со многу парчиња, важно е да го одберете вистинскиот модел.
За ова треба да го земете предвид вашиот стил на облекување, но и обликот на вашето тело.
Како да го изберете совршениот капут?
За девојки и жени кои негуваат лежерен стил
Во овој случај најдобро е да купите долг, еднобоен капут без никакви детали бидејќи најлесно ќе го вклопите во вашите комбинации.
Одберете некоја неутрална боја која може да се вклопи во скоро секоја комбинација.
За девојки и жени со елегантен стил
Ако повеќето парчиња во вашиот гардеробер се елегантни и женствени, најлесно ќе ги комбинирате со долг еднобоен капут. Во потоплите денови, ќе изгледате одлично и со долг мантил.
За пониски девојки и жени
Дајте им предност на пократките, струкирани капути кои визуелно ќе ја издолжат вашата фигура.
Ако сакате модел со дезен, нека биде со помали шари и детали. Истото важи и за копчињата – избегнувајте капути со огромни копчиња.
За високи девојки и жени
Вам добро ќе ви стојат капути со секаква должина, но најдобро ќе изгледате со долги модели.
Кога купувате капут, само обрнете внимание на рамената – избегнувајте модели со многу широки и нагласени раменици.
За слабички девојки и жени
Избегнувајте модели кои се „залепени“ за телото. Многу подобро ќе ви стојат пошироки капути, или модели со широки раменици.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





