Како да го изберете совршениот капут според вашиот стил и формата на вашето тело?
Тело со правоаголна форма
Вам најдобро ќе ви стојат асиметричните модели – капут со тесни раменици и поширок долен дел.
За полнички девојки и жени
Во овој случај избегнувајте струкирани модели и многу долги капути.
Најдобро ќе изгледате со поширок капут со должина над колената. Уште подобро ако моделот има „V“ израз.
За девојки и жени со широки колкови и раменици
Струкираните капути се совршени за вас бидејќи одлично ќе ја нагласат вашата фигура.
Избегнувајте ги многу широките модели бидејќи ќе ја скријат половината и можат да направат да изгледате пошироко.
За широки колкови
Одберете модел што ќе ги нагласи рамениците. Добро ќе ви стојат и струкираните капути, како и капутите со голема јака.
За широки раменици
Најдобро ќе изгледате со капут кој е тесен на рамената, а поширок на долниот дел кој ќе додаде волумен на колковите.
Избегнувајте модели што ги нагласуваат рамениците.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





